September, 2016

now browsing by month

 

Среќен роденден Кире!!!

Денес (08 септември 2016) Кирил Смиљковски го прославува својот 24-ти роденден.

Кире е еден од основачите и легендите на нашиот тим. Познат е како фудбалер што одлично ја „чита“ играта, а едно од оружјата му е и силниот и прецизен удар. Досега запиша 244 настапи за Бутоп.

Му посакуваме се најдобро на приватен и професионален план. Среќен роденден Кире!!!

%d0%ba%d0%b8%d1%80%d0%b5-%d1%81%d0%bc%d0%b8%d1%99%d0%ba

Бутоп вчера најубедлив, Коки израмни уште еден рекорд

Победата на Бутоп над ПС Аеродром од 7-0 беше најубедлива на вчерашната програма на турнирот Аеродром Скопје 2016. Овие три бода, како и гол разликата остварена вчера можат да ни бидат од огромно значење за понатамошниот тек од турнирот.

koki koki

 

Во меѓувреме Коки успеа да израмни уште еден рекорд на Пинки. Тој на дуелот со ПС Аеродром по петти пат ја зачува својата мрежа незатресена на настапите за Бутоп. До сега тоа му успеа и на натпреварите одиграни на:

18.3.2012 со Џани Моша,

11.10.2012 со К-4 Горска,

19.10.2012 со Струга и

23.08.2013 со Пуци Јунајтед.

Филип Пејков – Пинки остана несовладан на следниве натпревари:

28.6.2010 со Фабер СЦГ

09.9.2010 со МЗ Љубанци

14.10.2010 со Ореов лад

24.1.2011 со Бутел село

28.8.2011 со Булачани.

pinki 2

 

Бутоп со успешен камбек на турнирите!!!

Бутоп вечерва со победа им се врати на турнирите, а жртва беше екипата на ПС Аеродром. Конечниот резултат гласи 7-0 за Бутоп! Ова беше еднонасочен натпревар во кој веќе по првото полувреме (4-0) победникот беше решен и остана само да се дознае конечниот исход. За Бутоп во првиот тим настапија:

1. Костадин Колев

2. Андреј Димитровски

4. Дарко Костовски (2)

6. Кристијан Велковски (2)

10. Јеткин Сезаир (1) и

70. Марио Вангеловски (2). А во игра влезе и:

11. Кристијан Каравидов.

Ова беше успешно враќање за нас на турнирите по паузата минатата сезона и онаа фамозна преориентација. Следи фотографија од нашиот последен турнир од јуни 2015-та кога настапивме на Турнирот ТК МТП каде не успеавме да ја поминеме групата.

tk mtp 4

Утре играме против ПС Аеродром

Утре (недела, 4 септември) со почеток во 18:45 играме против екипата на ПС Аеродром. Тоа ќе биде втор натпревар од утрешната програма, а пред нас ќе има уште една средба од нашата група во која ќе се пресметаат Рома Шутка и Импери.

aerodrom skopje

Од групи во 1/16 финале…

Денес и официјално се играат првите натпревари од турнирот „Скопје 2016“ поради вчерашното одложување на комплетната програма.

Редно е да го соопштиме предвидениот пат на екипите кон фазата на елиминации и некои основни информации за системот на турнирот. Екипите се поделени во осум групи од по пет или шест екипи. Се игра секој против секого и во нокаут фазата поминуваат четири тима од секоја група. Следи нова ждрепка: првопласираните заедно со второпласираните екипи од фазата по групи ќе бидат сместени во ист шешир. Во другиот шешир ќе бидат 16-те екипи кои во групата завршиле како трети или четврти. Се влечат 16 пара и се создава костурот за до крајот на турнирот.

Бутоп се наоѓа во групата 7 заедно со ПС Аеродром, Импери, Спорт Кафе Спортски центар Аеродром и Рома Шутка.

1од ждребот 2

Натпреварот со Рома Шутка откажан поради дожд

Натпреварот со Рома Шутка кој требаше да го отвори овогодинешното издание на турнирот во СЦ Ново Лисиче е одложен поради обилните врнежи од дожд кои почнаа дваесетина минути пред закажаниот термин за негово одигрување. И покрај тоа што двете екипи дојдоа на време и подготвени за фудбал беше повеќе од јасно дека нема услови за игра. Нешто подоцна организаторите донесоа одлука да бидат одложени и останатите мечеви од денешната програма.

дождот