June, 2015

now browsing by month

 

На денешен ден, 11 јуни 2012

На денешен ден, 11 јуни 2012-тата година сме одиграле натпревар против Бед Бојс како дел од турнирот „Железара 2012“. Конечниот резултат гласеше 3-2 за Бутоп.

grigorprlicev-zelezara

 

 

 

 

 

Натпреварот се играше на теренчето кај ОУ Григор Прличев во Железара со почеток во 22:10. Натпреварите се играа 4+1, а за Бутоп во првиот тим настапија:

69. Арбен Ејуп

2. Андреј Димитровски

4. Дарко Костовски

8. Анел Курт и

11. Кристијан Каравидов. Уште играше и:

7. Кирил Смиљковски.

Стрелци на головите беа Андреј, Анел и Кире.

Среќен роденден Анел!!!

На денешен ден, 10 јуни 1992 г. во Скопје е роден Анел Курт.

Анел е жива легенда на Бутоп и незаменлив дел од поставата на нашиот тим. Досега собра 197 настапи. Познат е по својата „левица“ со која често ги „кине“ противничките мрежи. Неговата природна позиција е одбраната, но знае да одигра и во нападот. Му посакуваме се најдобро во иднина како на професионален, така и на приватен план.

Среќен роденден Анел!!!

anel

Викендов двојна програма за Бутоп

Претстојниов викенд Бутоп ќе ги одигра двете средби што му преостануваат на турнирот што го организира ТК МТП.

Двата натпревара ќе се одиграат во ист термин, 17:45 – в сабота против Тенисери, а в недела против Каза Кубана.

Моменталната состојба на табелата е:

п     н      п          г.р.        бод.

1. Реал Муса                  3      3     0     0         14-3         9

2. Го-Де                           4       2     1      1         11-9         7

3. Каза Кубана              2       1    0      1          5-5          

4. Тенисери                    3       0    1      2          5-11        1

5. Бутоп                           2       0    0      2         3-10        0

mtp 2

Реал ги уништи и теоретските шанси на Бутоп

Со вчерашната победа над Го-Де од 3-1 екипата на Реал Муса ги уништи и теоретските шанси на Бутоп за поминување на групата на турнирот МТП.

Тоа значи дека до крај Бутоп ќе одигра за честа, но и за регуларноста на групата во која се уште не се знае двојката која ќе продолжи во четвртфиналето.

против Реал Муса…

Ова е фотографија на Бутоп по завршувањето на натпреварот со Реал Муса на 4 јуни 2015 г. на турнирот на ТК МТП, пораз на Бутоп од 6-2.

tk mtp 4

Нов убедлив пораз

Пораз и во вториот натпревар на Бутоп на турнирот на ТК МТП.

Овојпат поуспешни од нас беа Го-Де и победија со 4-1. Не ни помогна ниту фактот што игравме на 5 јуни, датум на кој досега секогаш сме победувале. Го-Де поведе со 1-0 пред крајот на полувремето. Во вториот дел Велковски израмни на 1-1. Следеше период на отворена игра пред Го-Де повторно да прејде во водство од 2-1 по што Бутоп попушти под притисокот и дозволи до крај да прими уште два гола.

Бутоп овој натпревар го одигра ослабен поради неиграњето на Колев и Курт.

5 јуни – најсреќен датум за Бутоп?

Досега Бутоп одиграл четири натпревари на денешниов датум и секогаш победувал.

Во 2009 победа над Драчево (Ибро) на гости од 10-1. Состав: Јасмин, Андреј,Харис, Кире , Дарко, Каро.

 

Во 2010 победи над Црниче од 4-3 и над Капиштец од 7-6. Состав: Пинки, Андреј, Анел, Харис, Кире, Дарко, Каро, Јеткин.

 

Во 2014 победа над Примавера од 8-5. Состав: Бени, Андреј, Анел, Дарко, Кире, Каро, Кико.

 

Дали 5 јуни ќе му донесе среќа на нашиот тим и оваа година ќе видиме на вечерашниот меч.

Лош старт на Бутоп

Бутоп забележа пораз на отворањето на МТП турнирот во мал фудбал.

Подобри од нас беа Реал Муса забележувајќи убедлив триумф со 6-2. Реал поведе со 1-0 пред Кико да израмни на 1-1, но тие многу брзо се вратија во водство, 2-1. Така се замина на пауза. Во вториот дел играта на Бутоп не беше на потребното ниво и поразот не можеше да се избегне. Вториот гол за нас го постигна Андреј.

Утре Бутоп игра против Го-Де, натпреварот почнува во 19:00.

mtp 1

Бутоп утре го отвора МТП турнирот

Денес на пладне во просториите на ТК МТП беше извршена ждрепката за турнирот во мал фудбал кој започнува утре во овој спортски центар.

Бутоп се најде во третата група заедно со екипите на Реал Муса, Го-Де, Тенисери и Каза Кубана. Првите две екипи од четирите групи продолжуваат во четвртфиналната фаза.

Бутоп ќе ја има честа да го отвори турнирот со натпреварот против Реал Муса утре, со почеток во 15:15. Тоа нема да биде првпат во нашата историја да го играме премиерниот меч на еден турнир, се сеќаваме дека  ние го отворивме турнирот Скопје 2012 со натпреварот против Триглав Осигурување на 08 септември 2012.

startot

Четири години од Пролетната лига во Ново Лисиче

Овој период од годината, пред четири години, завршуваше Пролетната лига во мал фудбал во Ново Лисиче. Амбициозниот проект на организаторите беше спроведен веројатно најдобро што можеше и по комплетирање на 22 кола, се продолжи со четвртфинални натпревари се до финалето во кое Хавана со 4-1 беше поуспешна од Фер-Плеј. Третото место го освои екипата на Аутсајдери.

Бутоп последниот натпревар во оваа лига го одигра на 26 мај 2011 против Кенеф и загуби со 5-2. Вкупниот наш скор беше 7 победи, 3 нерешени и 12 порази со гол разлика 40-59. По 22 кола бевме 11ти на табелата, а за конечен пласман (по нокаут фазата) може да го сметаме 12то место во лигата која броеше 18 тима.

Еве список на индивидуалните постигнувања на играчите на Бутоп во оваа лига, број на настапи и постигнати голови:

1. Дарко Костовски – 22 (9)

2. Андреј Димитровски – 20 (2)

3. Кирил Смиљковски – 20 (8)

4. Харис Фекиќ – 18 (3)

5. Анел Курт – 17 (2)

6. Кристијан Каравидов – 15 (2)

7. Јован Нечовски – 11 – голман

8. Јеткин Сезаир – 7 (8)

9. Љупчо Атанасовски Жора – 6 (2)

10. Филип Пејков – 5 – голман

11. Методиј Смиљковски – 5 – голман (на четири средби)

12. Самин Колашинац – 4 (2)

13. Дарко Николиќ – 1 (1)

14. Ристо Димитровски – 1 – голман

15. Адем Маровци -1 – голман

16. Енис Пепиќ – 1 (1)

ФК Бутоп - НЛ 2011