February, 2015

now browsing by month

 

Славија декласирана

Минатата недела (1 февруари) во салата на Зеф Љуш Марку ја декласиравме екипата на Славија со неочекувано високи 9-1.

Уште од самиот почеток поведовме, а разликата постојано растеше и се добиваше впечаток дека противникот се откажа уште некаде на половина од натпреварот.

Со овој натпревар означивме успешен крај на јануарските подготовки кои траеја три недели, а се одвиваа во Скопје, најчесто на теренот на Скупи во Север и теренчето Живко Брајковски во Бутел.

Од натпреварите низ историјата…

На о3.02.2011 во 21:30 во салата „Антон Димитров“ сме ги одмериле силите со екипата на Бутел (Давор, Жора) и сме загубиле со 3-4.

За Бутоп на тој меч во првиот тим истрчаа:

1. Филип Пејков

2. Андреј Димитровски

4. Дарко Костовски

7. Кирил Смиљковски

8. Анел Курт и

11. Кристијан Каравидов. А уште играа и:

5. Харис Фекиќ и

22. Самин Колашинац.

На денешен ден…

На денешен ден пред седум години (02.02.2008) во 13:00 часот на теренчето кај ОУ Климент Охридски и Полицијата во Бутел сме одиграле натпревар против екипата на Бутел Село. Победа за нас од 6-3.

Во првиот тим тогаш настапија:

1. Кирил Ѓорѓиев – Грмуш

2. Андреј Димитровски

3. Харис Фекиќ

4. Кирил Смиљковски

5. Кристијан Каравидов и

6. Дарко Костовски