January, 2015

now browsing by month

 

Анел со божикна честитка до соиграчите

(За) Вчера Анел излезе со честитка до соиграчите на Бутоп кои го слават овој празник. Тој својата честитка и желбите за поуспешна полусезона ги објави на Фејсбук групата на Бутоп која е од интерен карактер, а еве овој негов пост сега го објавуваме и тука…

Anel Kurt објави во Butop

 

anel Anel Kurt 7 јануари 18:18 Sreken praznik dragi prijateli, da si go slavite uste mnoGU godini I sezonava da pomineme nekoja grupa 😀

 

 

Му благодариме и нему и на GU

Теренот во Љубанци

Фотографија од теренчето во Љубанци

терен

Осврт на есенската полусезона 2014/2015

Осврт на есенската полусезона 2014/2015

Сезонава 2014/2015 е осма во постоењето на нашиот тим. Следи и освртот на есенската полусезона.

Во оваа прва половина од сезоната сме одиграле 18 натпревари, тука вклучувајќи го и службениот пораз од Сопнати на турнирот во Љубанци, со скор од 5 победи, 3 нерешени и 10 порази. Ова е резултатски најлошата есенска полусезона во нашата историја, но да одиме со ред.

Започнавме со учества на турнирите во Љубанци и Скопје 2014 во Ново Лисиче. Настапувавме ослабени, пред се поради неиграњето на Кире и Андреј кои не беа во Скопје во тој период. Така шанса доби Штака, а се вратија и Харис и Бено, па се засиливме и со Жаре од Лисиче. Сепак на тој склоп му требаше и повеќе време, а двете победи дојдоа предоцна, по најдолгата серија порази во историјата на Бутоп – 6. Значи, скорот од турнирите е 2 победи и 6 порази.

Следеше и продолжување на позитивниот период кое започна со јубилејниот 250. меч на Бутоп, кога во Маџир маало славевме против екипата на Кварници со 8-2. Потоа се преселивме во „Антон Димитров“ и надополнивме со победа и реми со Тамба-ламба и победа над Примавера.

На ред дојдоа пресметките со Славија, почнавме со три порази, а потоа и две ремија против оваа екипа за сезоната да ја завршиме со поразот од Тамба-ламба.

Нашите резултати се речиси идентични со оние на Борусија Дортмунд или Херта, што значи дека би се бореле за опстанок да бевме во некоја (Бундес) лига.

На индивидуален план не би издвојувал многу, само ќе потсетам на хет-трикот на Марио за кој веќе пишував, како и за повторувањето на првата постава, нешто за што истотака веќе имате известување на страната на Бутоп. Најмногу настапи сме имале јас (сите) и Анел кој го пропушти само последниот дуел, следуваат Каро и Кико со по 13 итн.

Еден голем плус од оваа полусезона за Бутоп е секако веб сајтот, за кој сите заслуги одат на сметка на Андреј. Со ова, Бутоп стана еден од ретките фудбалски, но и спортски, колективи во Македонија кој преку своја интернет страна е подостапен за своите приврзаници и пошироката спортска јавност. Истотака финансиското работење и во оваа полусезона е задоволително, односно се наоѓаме во каква-таква позитива.

Со почит,

Дарко К.

Бутоп поактивен од Вардар во декември

Бутоп може да се пофали дека во изминатиов месец (декември, 2014) имаше повеќе ажурирања на својот веб-сајт отколку екипата на нашиот најтрофеен фудбалски колектив Вардар.

Бутоп имаше 12 ажурирања во споредба со 9-те на официјалната страна на ФК Вардар. Со ова, единствен тим кој беше поактивен и подостапен за фановите и јавноста во Македонија останува Шкендија која 17 пати известуваше на својата страна. Далеку зад лидерската тројка заостануваат Шкупи (со 3 ажурирања) и Работнички и Ренова чии интернет страни  останаа без новости во изминатиов месец.

Се надеваме дека во наредниов период ќе успееме да станеме и број еден во Македонија, барем во овој поглед…

Наредниве денови очекувајте го и освртот на полусезоната…

Среќна нова 2015!!!

Нека ни е среќна и успешна новата 2015 година.

Во мое име и во името на останатите членови на Бутоп ја честитам новава година на играчите, навивачите и поддржувачите на нашата екипа.