Среќна Нова 2025
ФК Бутоп на сите свои членови и поддржувачи им ја честита новата 2025 година и им посакува таа да им биде исполнета со многу здравје, среќа, љубов и успеси.
Одморот трае и на боксинг
Трета година по ред бутопци немаат активности на популарниот боксинг деј, па фановите можат комплетно да се посветат на возбудувањата во англиската премиер лига. Позната е нашата успешност на овој ден, на кој имаме стопроцентен учинок од четири победи во исто толку натпревари. Нашите фудбалери одмараат веќе месец дена поRead More…
Лукс кафе е петтиот шампион на МЛ
Иако поминаа повеќе од две недели од последното коло на петтото издание на Маалската лига, се уште трае сумирањето на статистиката и остварувањата на екипите. За Бутоп ова беше најлошата сезона досега, без ниту една победа и со само еден освоен бод, но за други беше и тоа како успешна.Read More…
Индивидуална статистика од МЛ Сезона 5
Вкупно дваесет и двајца играчи настапија за Бутоп во МЛ Сезона 5, најмногу од сите досегашни изданија на оваа лига. Следи списокот на играчите и преглед на бројот на настапи и постигнати голови:
Среќен роденден Марио
Денес својот роденден го слави Марио Вангеловски – Штака. Нашиот голгетер досега запиша 73 настапи за Бутоп, а во три наврати ја освојуваше клупската златна копачка, во сезоните 2016/2017, 2022/2023 и 2023/2024. Тој беше и најдобар стрелец во првата сезона на Маалската лига. Му посакуваме се најубаво и уште многуRead More…
Срушен уште еден негативен рекорд
Поразот од Шкупи старс (5-10) во четвртокот освен што ја продолжи рекордната низа порази на осум, означи и рушење на уште еден историски негативен рекорд на ФК Бутоп, а тоа е последователни натпревари без победа. Ова беше единаесетти натпревар по ред во кој не успеавме да славиме со што гоRead More…
Ништо ново, затворивме со пораз
Бутоп со пораз ја заврши најлошата сезона во Маалската лига. Подобри од нас во синоќешното последно коло беа Шкупи Старс со конечни 5-10, иако поразот можеше да биде и поубедлив. Бутопци беа ослабени поради отсуствата на многу од првотимците, а во составот се најдоа и два дебитанти: младите Омер УсеинRead More…
Денес се спушта завесата на МЛС5
Денес се игра последното коло од петтата сезона на Маалската лига во кое Бутоп се среќава со Шкупи Старс. Натпреварот започнува во 21:00 часот. Ова е убедливо најлошата наша сезона во ова натпреварување во која се уште сме без победа, а имаме само едно реми и дури осум порази. ЗатоаRead More…
Го пробивме дното
Вчерашниот ден бутопци нема да го паметат по добро затоа што нашиот клуб постави нов негативен рекорд продолжувајќи ја низата порази која сега изнесува седум. Подобар од нас со конечни 7-3 беше тимот на Интер Балкан, кој со оваа победа го осигура третото место на крајот на МЛС5. Се обидоаRead More…
Ќе има ли крај на поразите?
Вечерва од 21:00 часот започнува натпреварот меѓу Бутоп и Интер Балкан во кој нашите момци ќе дадат се од себе да спречат нов негативен рекорд од последователни порази. Веќе пишувавме дека во моментов сме во серија од шест порази, што е израмнување на рекордот од 2014 година. Нашиот вечерашен противникRead More…