June, 2025
now browsing by month
Пораз, па победа со Немилосрдни
Откако три од последните четири средби ги загуби службено, Бутоп вчера (01.06.2025) конечно успеа да одигра фудбалски натпревар на зелениот терен и тоа два во еден ден. Наш противник во топлото јунско попладне беше за нас добро познатиот тим на Немилосрдни. Двете средби се одиграа на теренот на ОУ Живко Брајковски во Бутел, а епилогот од нив е половичен. Во првиот натпревар славеа немилосрдните со конечни 9-6, додека пак во реваншот бутопци се реваншираа со победа од 10-6. За Бутоп на првиот меч настапија Каравидов, Костовски, Дритон Палоши, Халид Арифи и Берин. Во вториот не играше Арифи, а место него во игра се најдоа Јовица и Јан Стојкоски.

Ни „снема бензин“ за Добри дол
Вчерашниот ден донесе уште еден службен пораз за Бутоп откако не успеавме да собереме играчи за натпреварот против екипата на Никола Саздовски Саздо. На тој начин со три порази го завршивме нашиот настап во групата В на турнирот „Спасовден“ 2025 во Добри дол. Од нашата група во нокаут фазата поминаа екипите на Палачинкара Дори и Никола Саздовски Саздо, на кои им посакуваме успех во понатамошниот дел од турнирот.
