May, 2022

now browsing by month

 

Фатмир Зука падна со златен гол

Два спремни тима, супер фудбал и победа со златен гол можеше да се види вчера (26.05.2022) на теренот во балонот кај Рајко Жинзифов, каде што Бутоп дојде до нова победа, овојпат над домашниот тим на Фатмир Зука. Бутопци одиграа шеесет минути без замена со Грмуш на голот, Анел и Илхан делуваа во одбраната, Костовски и Димитровски нешто понапред, а дебитантот Керим ја имаше слободата во играта и позиционирањето. Поранешниот фудбалски гастербајтер (има играно во Германија и Турција) тоа го искористи на вистински начин и соиграчите едногласно го прогласија за човек на натпреварот по неговиот крај. Андреј и Анел беа најрасположени меѓу стрелците, а учествуваа и во последната акција која Костовски ја круниса со голот за победа. Конечен резултат, 12-11.

Бутоп знае да биде немилосрден

Еден ден по победата над Стојчевски следеше редовниот четврточен термин (19.05.22) и тотално демолирање на тимот на Немилосрдни. Нашиот ривал не успеа да го договори Валчанов и ослабен се обиде со отворена игра да ни парира. Тоа се покажа како грешка, па нашите момци со речиси полн состав (Курт, Димитровски, Костовски, Смиљковски, Велковски, Каравидов и дебитантот Видиниќ) дојдоа до убедлива победа од 14-5 не давајќи му каква било шанса на противничкиот тим.

Момците на Стојчевски недораснати на предизвикот

Балонот кај Рајко Жинзифов беше наш домашен терен и во средата на 18 мај. Бутопци го прифатија предизвикот на младата екипа на Стојчевски (Марко), но противникот сепак не беше дораснат за нашето ниво. Резултатот 13-7 можеби и не ја отсликува апсолутната доминација која ја имавме во тие шеесетина минути.

Камбек на Харис Фекиќ за „олдскул“ победа

Момент за историја се случи на 12 мај кога Харис Фекиќ по речиси шест години направи камбек во синиот дрес на Бутоп запишувајќи го својот 174 настап. Играчите и навивачите на Бутоп со радост го поздравија Харис кој претходно последен пат играше на 21.09.2016 во поразот на пенали од Воденица 3 Крива Паланка во 1/16 финалето на турнирот во Ново Лисиче.

А во балонот кај Рајко изгледаше како да не поминале ни шест дена. Почетната постава (Грмуш, Андреј, Харис, Кире, Каро, Дарко) со ист изглед како и на натпревари од далечната 2008 година функционираше беспрекорно. Во одбрана цврсто, во нападот течно, контрола на резултатот и играта за победа како „на времето“, конечни 5-2.

Бутоп.инфо повторно е „ап“

Изминативе три недели нашата веб-страница butop.info мораше да претрпи една реконструкција и освежување, како и продолжување на лиценцата за една година. Од тие причини не бевме активни, ниту достапни преку овој медиум. Им се заблагодаруваме на нашите поддржувачи што покажаа разбирање и трпеливост во овој период во кој се обидувавме да ги известуваме преку социјалните мрежи и на тој начин да ги држиме информирани.

А Бутоп продолжи да гази во овие дваесетина дена остварувајќи четири победи. Ќе бидеме концизни и ќе ги доловиме најважните моменти, датумите и резултатите во посебна објава за секој од овие натпревари. Уживајте.

Дожд од голови и сина доминација

Доминантна победа со конечни 17-9 е епилогот од вчерашниот натпревар против Немилосрдни. Бутопци ја оправдаа фаворитската улога и можеби и полесно од очекуваното дојдоа до заслужена победа. Најмногу се истакна Каравидов со шест гола, но тимот како целина функционираше беспрекорно и сите одговорија на поставените задачи. Јеткин Сезаир овојпат се појави во улога на тренер, Костовски беше на голот, а во поле настапија Димитровски, Курт, Валчанов, Велковски и Каравидов.

Вечерва без резерва ги напаѓаме немилосрдните

Бутоп и Немилосрдни вечерва (05.05.2022) во 20:00 часот повторно ќе излезат на мегдан по неколку недели пауза. Балонот кај ОУ Рајко Жинзифов ќе ги пречека двете познати екипи. За нас ќе настапат Костовски (на голот), Димитровски, Курт, Велковски, Валчанов и Каравидов.

Честит Рамазан Бајрам

ФК Бутоп им го честита денешниот празник Рамазан Бајрам на сите муслимански верници во Македонија. За многу години!