June, 2016
now browsing by month
Среќен роденден Адем!!!
Денес (30 јуни) Адем Маровци го слави својот роденден.
Роден во Скопје, заколнат член на Големите Уличари, а секогаш верен и на Бутоп. Адем е подготвен да помогне на теренот, трибините, зелената маса и организацијата на се она што е потребно за нашиот тим.
Му посакуваме се најдобро! Среќен роденден Адем!!!
Соопштение за вчерашните настани
Соопштение на ФК Бутоп до јавноста по повод немилите настани на отворањето на новото сервис поле во Бутел 1:
Како што веќе ве информиравме, вчера (29.06.2016) се отвори новото сервис поле кое е наша инвестиција за граѓаните на населба Бутел. Серва почна да се игра во 18:00 часот и главно се течеше без некакви проблеми. Тоа се промени некаде околу 20:30 кога дел од управата на ОУ Живко Брајковски побара да се избрише полето. Откако ние одбивме, беше повикана и полицијата. За кратко време спонтано се собраа триесетина луѓе кои јавно ја искажаа својата поддршка за идејата да се игра сервис во Бутел. Главниот проблем во овој спор се законските рамки кои не предвидуваат слободно движење во дворовите на државните објекти, каков што е и училиштето, туку само можност за кратко задржување во истите. По консултацијата со припадникот на Министерството за внатрешни работи, околу 21:30 толпата се разотиде без никакви инциденти. Полето се наоѓа во непосредна близина на самото училиште, но се надеваме дека ќе успееме да дојдеме до некакво прифатливо решение со кое ќе бидат задоволени желбите на двете страни.
Бутоп со инвестиција во Бутел, обележано е сервис поле!!
Во текот на вчерашниот ден, 28 јуни 2016, неколку членови на Бутоп ја предводеа акцијата за означување на сервис поле во скопската населба Бутел 1. Оваа наша инвестиција доаѓа како резултат на зголемениот интерес за оваа игра во текот на летните месеци и е наменета секако, покрај за нашите потреби, за сите граѓани на нашата населба.
Во текот на оваа вечер промоцијата, или „сефтето“ на овие полиња беше проследена со доста контроверзии, а беше замешана и полицијата. Сепак, не би сакале да се избрзува со одлуки и реакции, ќе оставиме ситуацијата да се смири и со повеќе информации ќе излеземе во наредниве денови. Ги замолуваме нашите членови за трпеливост и разбирање.
Среќен роденден Кико!!!
Денес (21 јуни) својот роденден го слави Кристијан Велковски – Кико. Кико ја игра својата шеста сезона во дресот на Бутоп и досега запиша 72 настапи за нашиот тим. Тој најчесто игра во шпицот на нападот, а негови главни карактеристики се техниката и пресинг играта.
Му посакуваме многу успеси во иднина. Среќен роденден Кико!!!
Деновиве низ годините… (18 јуни)
Пред четири години во овој период настапувавме на турнирот „Железара 2012“. На 18 јуни 2012. година на теренот на ОУ Григор Прличев во Железара со почеток од 23:00 часот одигравме натпревар против екипата на Ринија кој го загубивме со 4-2. На овој турнир се играше по футсал правила, односно 4+1. За Бутоп тој ден во првиот тим истрчаа:
69. Арбен Ејуп
2. Андреј Димитровски
7. Кирил Смиљковски
8. Анел Курт и
11. Кристијан Каравидов. Во игра влезе и:
4. Дарко Костовски.
Стрелец на двата гола беше Анел.
Турнирот беше неславно прекинат поради неколкуте инциденти што се случија на дел од натпреварите, а ние до тој момент имавме скор од 1 победа и 2 порази. Освен шесте играчи што играа против Ринија, во составот на Бутоп за овој турнир беше и Харис Фекиќ.
Месец мај низ историјата на Бутоп
Месецот мај отсекогаш важел за еден од најпродуктивните периоди од годината за Бутоп кога станува збор за бројот на одиграни натпревари. Досега во овој месец сме одиграле 32 натпревари со сосема задоволувачки скор од 17 победи, 4 нерешени и 11 порази. Оваа 2016-та година во мај одигравме 4 меча во кои остваривме 3 победи (5-4 над Албион, 11-5 над Шутка Сафет и 8-7 над Примавера) и еден пораз (3-6 од Албион). Една од поважните епизоди од нашите настапи во месецот мај е турнирот Еуро фанс кој се одржа во 2012-тата година на теренот под Кале на скопското лизгалиште. Тогаш групната фаза ја поминавме со максимални три победи над Чета (4-2), Маврово Ростуше (5-3) и Хоукс (3-0) за настапот да го завршиме во четвртфиналето по поразот од Алсат М со 4-0. На тој турнир за Бутоп настапија:
1. К. Колев
2. А. Димитровски
4. Д. Костовски (4 гола)
5. Х. Фекиќ
7. К. Смиљковски
8. А. Курт
10. Ј. Сезаир (4 гола)
11. К. Каравидов (1 гол)
22. С. Колашинац и
69. А. Ејуп
Месецот април низ историјата на Бутоп
Оваа година во април одигравме само еден натпревар, оној против Албион Север (на 12.04.2016) кој го добивме со 10-3. Таа средба беше вкупно 23. за Бутоп во нашите настапи во четвртиот месец од годината. Нашата досегашна статистика вели дека во април имаме скор од 14 победи, 1 нерешена и 8 порази. За издвојување е 2011-тата година кога во рамките од Пролетната лига во мал фудбал во Ново Лисиче само во април сме одиграле рекордни 10 натпревари, или во просек по еден натпревар на секои три дена. Еве и мало потсетување против кои екипи настапувавме тогаш: Душогупчани (два пати), Кенеф, Цане, Ѓавато (два пати), Филм, Соколи, Форевер (Фер плеј) и Блок 19.
Среќен роденден Анел!!!
На денешен ден, 10 јуни 1992. година во Скопје е роден Анел Курт, една од најважните алки во тимот на Бутоп. Анел без никакви дилеми може да го прогласиме за еден од столбовите на нашиот тим, на и вон фудбалскиот терен. Во изминативе години пружи многу за нашиот развој низ неговите досегашни 214 настапи за Бутоп.
Му посакуваме се најдобро во приватниот и професионалниот живот и со желба за уште многу победи во дресот на Бутоп, му го честитаме роденденот. Среќен роденден Анел!!!
Бутоп избори реми во последната секунда!
Бутоп и Примавера како да се специјализираа за инфаркт завршници, па така и последниот натпревар помеѓу овие два ривала се реши во последните секунди, во кој Бутоп извлече реми во последниот напад за конечни 5-5. А на само пет минути до крајот кога Примавера поведе со 5-3 се чинеше дека се е готово. Сепак, нашата упорност се исплатеше и поразот беше избегнат. Првиот дел од натпреварот беше доста тврд и сиромашен со голови, кои дојдоа нешто подоцна за да го разубават ова тактичко надмудрување на двете екипи. За Бутоп во првиот тим настапија:
1. Костадин Колев
2. Андреј Димитровски
4. Дарко Костовски
8. Анел Курт
10. Кристијан Велковски и
11. Кристијан Каравидов. Во игра влезе и:
7. Кирил Смиљковски.
Натпреварот се одигра во понеделник (06.06.2016) во салата Антон Димитров во Бутел 1, со почеток од 21:00 часот.