Против Шкупи старс во второто коло

В четврток (6.3.2025) на програмата е второто коло на МЛС6 во кое Бутоп се среќава со тимот на Шкупи старс. Нашиот противник во првиот натпревар одигра неизвесно реми против дебитантот Галакси (7-7). Од друга страна, бутопци по воведниот пораз и по цели дванаесет натпревари без победа во ова натпреварување влегуваат со надеж дека конечно ќе се вратат на победничките патеки. Во двете меѓусебни пресметки во Сезона 5 Шкупи старс беше поуспешен од нас со победи од по пет разлика (2-7 и 5-10). Натпреварот в четврток почнува во 21:45.

Posted in АКТУЕЛНОСТИ | Comments Off on Против Шкупи старс во второто коло




Comments are Closed