February, 2018

now browsing by month

 

Дресови за сезоната 2018/2019

Вака треба да изгледаат трите комплети дресови на Бутоп за наредната сезона 2018/2019. Секако, доколку успееме да најдеме финансии за тоа. Во моментов преговараме со евентуални спонзори кои би сакале да инвестираат во новата опрема за нашиот тим.

Љубовта за победа повторно пресуди

Бутоп повторно забележа победа против тимот на Дарко ФФМ на синоќешниот натпревар (14.02.2018) кој заврши со конечни 7-5. А до неа се дојде потешко од очекувањата. Десеткуваниот тим на Дарко брзо прими гол уште на стартот, но некаде по петнаесетина минути игра направија пресврт и предноста љубоморно ја чуваа се до последните 4-5 минути. Бутоп успеа буквално во фото-финиш да ја запише новата победа, а двата решавачки гола на крајот ги постигна Анел. За нашиот тим настапија шесте фудбалери кои и беа најавени на денот пред натпреварот. За издвојување е камбекот на Грмуш, кој по пауза од една сезона, а календарски повеќе од две години (последен меч на 16.10.2015), се врати на голот на Бутоп.

Среќен роденден Каро!!!

На денешен ден, 14 февруари, 1993 година во Скопје е роден Кристијан Каравидов. Каро е икона на нашиот тим, а досега запиша импресивни 239 настапи во дресот на Бутоп. Му посакуваме уште многу успеси и победи.

Среќен роденден Каро!!!

Најавениот состав за утре

Бутоп утре, 14 февруари, треба да одигра натпревар против тимот на Дарко ФФМ, закажан од 17:00 часот во балонот кај ОУ 11 Октомври. На 24 часа пред средбата го објавуваме тимот со кој најверојатно ќе истрчаме на теренот:

(1) Кирил Ѓорѓиев Грмуш

(2) Андреј Димитровски

(4) Дарко Костовски

(8) Анел Курт

(9) Дарко Николиќ

(70) Марио Вангеловски

На денешен ден (10.02.2011)

На денешен ден (10 февруари) пред седум години сме одиграле натпревар против тимот на Бутел (Давор-Жора), кој сме го загубиле со 11-8. Таа вечер за Бутоп настапија: Пејков, Курт, Димитровски, Костовски, Смиљковски и Каравидов. Натпреварот се одигра во салата Антон Димитров со почеток од 21:30.

Среќен роденден Пинки!

На денешен ден, 8 февруари 1993 г. во Шведска е роден Филип Пејков. Пинки беше прв голман на нашиот тим во еден од најубавите периоди од историјата на Бутоп. Досега запиша 64 настапи.

Му посакуваме се најдобро во иднина.

Среќен роденден Пинки!!!

Манев: Ајде да договориме натпревар!

Изминатиов период ФК Бутоп е во постојан контакт со бројни тимови со кои се обидуваме да договориме некој термин за натпревар. За жал, не секогаш изнаоѓаме прифатливо решение кое им одговара на двете страни. Вчеравечер во „листата на чекање“ се додаде и Виктор Манев кој е заинтересиран да ја испроба својата екипа против Бутоп: „Еј момци, дајте да се договориме да одиграме некоја партија…“, Манев го започна неврзаниот разговор со дел од нашите фудбалери и додаде: „не сме којзнае што, имаме два-тројца што порано тренирале во Вардар, далеку сме од некоја страшна екипа. Ама сакаме да се пробаме со вас, па за после ќе видиме“. Ова негово барање наиде на позитивни реакции кај Бутопци кои секогаш се расположени за маалски предизвици. Да не остане се само на празен муабет, денес го побаравме популарниот Вице, кој уште еднаш ни потврди дека неговата „програмерска“ постава сака да ни се спротивстави: „Важи, ќе се договориме! Поради некои професионални обврски и патувања во наредниве две недели сме недостапни, но мислам дека некаде во март ќе биде вистинско време да го одиграме тој натпревар“. – заврши Вице.

Го добивме Баркли како нова опција

На последниот натпревар одигран во понеделникот (29.01.2018) против Дарко ФФМ (победа 5-4) своето деби за Бутоп го имаше Никола Анастасовски. Популарниот Баркли веќе подолго време настапуваше за Примавера, но и за други локални тимови што играа против нас, како и на други термини на кои играа наши фудбалери. Тој го искористи отсуството на Колев и Грмуш и конечно дебитираше за нашиот клуб. Неговиот прв настап ни донесе победа, па му посакуваме и во иднина со успех да го носи нашиот дрес и рамноправно да конкурира за голманската позиција.