June, 2024

now browsing by month

 

Среќен роденден Кико

Денес својот роденден го прославува Кристијан Велковски. Популарниот Кико досега настапи на 150 натпревари на Бутоп, а од пред неколку сезони ја носи десетката на својот грб. Во два наврати беше златна копачка на нашиот тим, во сезоните 2014/2015 и 2017/2018. Му посакуваме уште многу успеси во синиот дрес, но и на приватен план.

Среќен роденден Кико!

Бутоп на големите натпреварувања

Пред неколку дена во Германија започна седумнаесеттото европско првенство во фудбал кое цел месец ќе им понуди уживање на навивачите низ континентот. Ние ќе го искористиме овој момент да се потсетиме на натпреварите кои Бутоп ги има одиграно за време на големите фудбалски натпреварувања: светските и европските првенства.

Нашето деби на едно светско го имавме во 2010 година кога во периодот од 20 до 30 јуни настапувавме на турнирот „Дарко Брњарчевски“ во скопско Волково. Почнавме со три нерешени против Флексо принт, Рандом и Гладијатори, натпревари кои се играа во салата „Христо Батанџиев“. Потоа следеше еден натпревар на теренот „Бранители“ и пораз од Виса, по што до крај турнирот се врати на првичното место на одигрување, а Бутоп со победи над Клошари и Фабер СЦГ и пораз од XXL за крај на настапот на овој турнир со вкупен скор 2 победи, 3 нерешени и 2 порази.

За две години следеше Европското првенство во Полска и Украина, а Бутоп во периодот од 11 до 22 јуни настапуваше на два турнира. Најпрво во Железара каде остваривме една победа (против Бед бојс) и два порази (против Авто морал Ане и Ринија). Нешто подоцна учествувавме на турнир во градскиот парк каде забележавме два тесни порази од екипите на Ален и Гром.

По девет години пауза, за време на Европското првенство во 2021 година, одигравме еден натпревар (термин во балонот кај ОУ Пенко) кој го загубивме од тимот на Дарко ФФМ.

Вкупниот скор за време на големите фудбалски настани ни е 3 победи, 3 нерешени и дури 7 порази, што и не е баш за пофалба. Засега немаме најава за евентуален натпревар во периодот кој следи и збогатување на оваа статистика од нашата историја.

Среќен роденден Анел

Денес Анел Курт го слави својот 32. роденден. Легендарната осумка на Бутоп досега запиша 307 настапи во синиот дрес, а меѓу неверојатните бројки и рекорди стои и податокот дека беше златна копачка за сезоната 2018/2019. Му посакуваме се најубаво на приватен и на професионален план! Среќен роденден Анел!

Лиценцата е обновена за една година

ФК Бутоп ја продолжи лиценцата за својата официјална веб-страница за наредните дванаесет месеци. Со ова го одржуваме континуитетот на една од најажурираните страни на спортски колективи во земјата и покрај фактот што сме аматерски (и нерегистриран) клуб. Оваа успешна приказна на Бутоп започна пред десет години, во септември 2014 г. Ветуваме дека и во наредниот период ќе работиме професионално и ревносно во поглед на нашата достапност и транспарентност пред македонската спортска јавност.