Среќен роденден Каро
Денес (14.2.2025) Кристијан Каравидов го прославува својот 32. роденден. Каравидов е вистинска икона на клубот со досега запишани 309 настапи, 3 златни копачки и 12 избори во тимот на сезоната. Му посакуваме се најубаво. Среќен роденден Каро!
МЛ:Сезона 6 почнува на 20 февруари
Познат е датумот на почетокот на новото издание на Маалската лига. Сезона 6 треба да стартува наредниот четврток (20 февруари), што беше објавено денес на официјалната фејсбук страница на ова натпреварување.
Марио и Столе котираат високо на вечната листа на МЛ
Во исчекување на информацијата за стартот на новата сезона во Маалската лига фрламе поглед на вечните листи на ова натпреварување. Кај стрелците Марио Вангеловски и натаму е во тесна трка за врвот, во моментов по пет одиграни сезони е втор со 52 гола, два помалку од првиот Раим Демир. СтолеRead More…
Базичните подготовки комплетирани
Фудбалерите на Бутоп денес го комплетираа базичниот дел од зимските подготовки кој траеше точно три недели. Во овој период фокусот беше ставен на физичката спрема и момците индивидуално се подготвуваа и се обидоа да влезат во што е можно подобра форма пред продолжението на сезоната. Во наредните неколку дена очекувамеRead More…
Футсалерите немоќни против европскиот шампион
Македонската футсал репрезентација во петокот (31.1.2025) играше квалификациски натпревар за Европското првенство во 2026 година против актуелниот европски шампион Португалија. Нашите момци му пружија солиден отпор на фаворизираниот противник, но мораа да се задоволат со достоен пораз од 1-5. Бутоп имаше своја делегација на оваа средба: Костовски, Димитровски и КаравидовRead More…
Среќен роденден Коки и Харис
Денес две наши легенди ги слават своите родендени. Костадин Колев шест пати беше во тимот на сезоната и досега собра 113 настапи за Бутоп, а Харис Фекиќ запиша 175 настапи и четири пати беше во идеалниот тим на сезоната. Им посакуваме се најубаво. Среќен роденден Коки и Харис!
На денешен ден Коки потпиша за Бутоп
На 26 јануари секогаш се потсетуваме на најмаркантниот трансфер и презентација на ново засилување кое Бутоп го има направено. Пред точно шест години и еден ден (25.01.2019) Костадин Димовски (популарно наречен Коки Немогуче) потпиша за нашиот тим, а целиот настан се одржа во бутелскиот локал Бајка. Ова е линкот одRead More…
Првиот собир закажан в понеделник
Бутопци в понеделник (20.01.2025) ќе го имаат првиот собир во новата година, со што ќе ги започнат јубилејните петнаесетти по ред зимски подготовки. Состанокот и првиот тренинг се закажани од 15:00 часот на теренот во дворот на ОУ Живко Брајковски, што е веќе одамна воспоставена пракса.
Среќен роденден Мето
Денес својот роденден го слави помладиот од браќата Смиљковски, Методиј. Мето беше дел од Бутоп уште од самите почетоци на клубот, истовремено предводејќи го подмладокот или таканаречената Примавера. Низ годините собра 67 настапи за Бутоп па јасно е дека неговиот траг во синиот дрес е неизбришлив и многу значаен. МуRead More…
Осврт на есенската полусезона 2024/2025
Вообичаено, календарската година ја започнуваме со осврт на изминатата есенска полусезона за сезоната во која го славиме полнолетството на нашиот тим, вкупно осумнаесетта во историјата на ФК Бутоп. Сите кои ги пратеа резултатите изминатава есен можат да го претпостават она што и бројките го потврдуваат: ова е најлошата есенска полусезонаRead More…