И тоа се случи: Бутоп победи во МЛ

По пауза од единаесет месеци Бутоп конечно победи на натпревар од Маалската лига. Вчеравечер (13.3.2025) бутопци беа подобриот противник во дуелот со Алиенс совладувајќи ги со конечни 6-4. Разликата можеше да биде и поголема затоа што нашите момци имаа комплетна контрола врз играта, а и водство од 6-1 на пет минути до крајот. Сепак, Алиенс со мини-серија се изборија за попристоен пораз. Од оваа средба ќе се памети и фактот дека Кирил Смиљковски се запиша во историјата на Маалска лига постигнувајќи го 2000. гол во ова натпреварување.

Posted in АКТУЕЛНОСТИ | Comments Off on И тоа се случи: Бутоп победи во МЛ




Comments are Closed