Сезона 2024/2025
Сезоната која е зад нас беше осумнаесетта во постоењето на ФК Бутоп. Во овој годишен извештај ќе се обидеме да ви ги презентираме сите важни моменти, како и статистиката. Уште пред да почнеме со официјалните бројки ќе го констатираме она што сите кои ги пратеа нашите резултати во изминатите дванаесетRead More…
По десет години повторно 30-ка
ФК Бутоп по точно десет години повторно игра сезона со минимум триесет натпревари. Во моментов имаме триесет и две одиграни средби. Последен пат ваков учинок имавме во сезоната 2014/2015 токму со 32 натпревари. Следеа девет сезони во кои не успевавме да ја достигнеме оваа граница, а таа 2014/2015 беше шестаRead More…
Среќен роденден Столе и Дарко
Денес бутопци имаат двојна причина за славење затоа што двајца наши играчи имаат родендени. Стојче Чаковски (42 настапи) и Дарко Видиниќ (20 настапи) во последниве две-три сезони се етаблираа во составот на Бутоп и почнаа да го пишуваат својот дел од историјата на нашиот клуб. Им посакуваме се најубаво иRead More…
Бранко Ѓуровски го освои Добри дол
Пред една недела завршија битките на турнирот „Спасовден“ 2025 во скопски Добри дол. Екипата на Бранко Ѓуровски е новиот освојувач откако во финалето беа поуспешни од Сармари. Третото место го освои тимот на Нено шипинг, а четврти се момците од тимот на Никола Саздовски Саздо. Бутоп се натпреваруваше во групатаRead More…
Среќен роденден Анел
Денес Анел Курт го прославува својот 33. роденден. Тимот на Бутоп не може да се замисли без легендарната осмица, дресот во кој Анел досега собра 315 настапи, 13 пати беше дел од тимот на сезоната и еднаш златна копачка. Му посакуваме се најдобро и уште многу успеси на приватен иRead More…
Пораз, па победа со Немилосрдни
Откако три од последните четири средби ги загуби службено, Бутоп вчера (01.06.2025) конечно успеа да одигра фудбалски натпревар на зелениот терен и тоа два во еден ден. Наш противник во топлото јунско попладне беше за нас добро познатиот тим на Немилосрдни. Двете средби се одиграа на теренот на ОУ ЖивкоRead More…
Ни „снема бензин“ за Добри дол
Вчерашниот ден донесе уште еден службен пораз за Бутоп откако не успеавме да собереме играчи за натпреварот против екипата на Никола Саздовски Саздо. На тој начин со три порази го завршивме нашиот настап во групата В на турнирот „Спасовден“ 2025 во Добри дол. Од нашата група во нокаут фазата поминааRead More…
Службен пораз во второто коло
Вчеравечер (30.05.2025) Бутоп забележа службен пораз 0-3 на натпреварот со Побожје, кој за нас беше втор на турнирот „Спасовден“. Причината за ваквиот расплет беше неможноста да собереме играчи. Со овој пораз Бутоп ги загуби шансите за прогрес во нокаут фазата. И покрај ова ние ќе се обидеме да се екипирамеRead More…
Побожје следен противник
Утре (30.05.2025) на турнирот во Добри дол Бутоп се среќава со тимот на Побожје во натпревар чијшто почеток е закажан за во 21:15 часот. Ова ќе биде трето соочување на овие две екипи, а прво по дури четиринаесет години. Скорот е изедначен со по една победа. На 8 јули 2009-таRead More…
Бутопци останаа без десерт
Нашите момци со пораз го отворија настапот на турнирот „Спасовден“ во Добри дол откако вчера (26.5.2025) беа поразени од тимот на Палачинкара Дори со резултат 0-4. Искусниот противник постави одлична дефанзива, а знаеше и како да ги искористи шансите во нападот, па уште на полувреме водеше со високи 3-0. БутопциRead More…