По десет години повторно 30-ка

ФК Бутоп по точно десет години повторно игра сезона со минимум триесет натпревари. Во моментов имаме триесет и две одиграни средби. Последен пат ваков учинок имавме во сезоната 2014/2015 токму со 32 натпревари. Следеа девет сезони во кои не успевавме да ја достигнеме оваа граница, а таа 2014/2015 беше шеста по ред со минимум 30 одиграни средби. За жал, сезонава по многу статистички показатели ќе ни биде најлоша ако се земат предвид резултатите, но за ова повеќе откако и официјално ќе го означиме нејзиниот крај. Во секој случај, обемот на нашите активности мора да се земе како нешто позитивно, а цел за следната сезона би била квантитетот да биде испратен со добри резултати и повеќе победи.

Posted in АКТУЕЛНОСТИ | Comments Off on По десет години повторно 30-ка




Comments are Closed