Бутоп поканет на два турнири месецов
Изминатава недела на нашата адреса пристигнаа две покани за учество на турнири. Најпрво дојде поканата од организаторите на турнирот „Спасовден“ во Добри дол, кој се враќа на турнирската програма по седум години пауза и треба да започне на 24 мај. Токму во 2018 година Бутоп настапи на овој турнир иRead More…
Настапи и голови во МЛС6
По пауза од десетина дена во работењето на нашата веб-страница, денес се враќаме со редовните објави. Продолжуваме онаму каде што застанавме на крајот на минатиот месец, а тоа е прегледот на одиграни натпревари и постигнати голови на дваесет и тројцата играчи кои настапија за Бутоп во МЛ Сезона 6:
Чаковски повторно најрасположен стрелец
Маалска лига денес на својата фејсбук страна ги објави комплетните резултати од Сезона 6, листата на топ 10 стрелци, како и некои статистички податоци кои вообичаено се дел од анализата по секоја завршена сезона. Од приложеното можеме да издвоиме дека Чаковски повторно беше најрасположениот голгетер меѓу бутопци и се најдеRead More…
Половичен учинок во убавото пролетно попладне
Бутоп на одличен начин ги искористи вчерашното сончево попладне и слободната сабота одигрувајќи две официјални средби против составот на Примавера, кој по подолго време настапи заедно. Присуството на Николиќ, Мето Смиљковски и Костадин Колев, а истовремено откажувањето на Немилосрдни и Санчовци беа доволни да се направат два тима составени претежноRead More…
Локален саботен предизвик за бутопци
Бутоп денеска треба да одигра една, а можеби и две пријателски средби против локални противници на домашното игралиште во дворот на ОУ Живко Брајковски. Ова на некој начин е навраќање на почетоците кога во првите неколку сезони Бутоп своите натпревари најчесто ги играше во сабота на отворени игралишта насекаде низRead More…
Бутоп петти, Пицерија Фор-ас нов шампион
Се уште трае сумирањето на впечатоците од шестата сезона на Маалската лига, а ние во исчекување на подеталните анализи кои ќе бидат објавени и на официјалната страна на МЛ на фејсбук, ви ја прикажуваме конечната табела. Бутоп заврши на петтото место со девет освоени бода (три победи и седум порази)Read More…
Честит Велигден! Христос воскресе!
ФК Бутоп на сите христијански верници во Македонија им го честита денешниот празник Велигден со желби за здравје, мир, љубов и благосостојба. Христос воскресе! За многу години!
Заслужени пехари, но и благодарница
Освен пехарите за ферплеј екипа и најдобар голман, Бутоп завчера доби и благодарница за учеството во МЛ Сезона 6, за која честа да ја прими ја имаше нашиот Дарко Николиќ. Тој во четвртокот ја одигра третата средба пролетва во дресот на Бутоп, а четириесетта севкупно и на одличен начин гоRead More…
Трофеен ден за Бутоп и покрај поразот
И покрај убедливиот пораз од Галакси (конечни 8-16) вчерашниот ден 17 април 2025 година ќе остане запаметен како позитивен за Бутоп затоа што освоивме два трофеја. Сосемо заслужено во нашата витрина заврши трофејот за ферплеј екипа на Маалска лига Сезона 6, како и пехарот за најдобар голман. Оваа награда јаRead More…
Сезона 6 ја затвораме со Галакси
Вечерва се игра последното коло од МЛ Сезона 6 во кое Бутоп игра натпревар без посебен резултатски императив, освен одбраната на својата чест, против тимот на Галакси. Иако во првата средба одиграна во петтото коло бутопци беа поуспешни од денешниот ривал, работите во меѓувреме се сменија. Нашите момци влегоа воRead More…