Archives

now browsing by author

 

Тим на сезоната

Приказ на сите идеални тимови по сезони:

Честит Ден на независноста

ФК Бутоп на сите граѓани им го честита Денот на независноста на Република Македонија. За многу години!

Среќен роденден Кире

Денес Кирил Смиљковски го прославува својот 32 роденден. Основач, капитен и жива легенда на Бутоп без кого овој тим не би бил тоа што е. Од неговите бројни рекорди ќе издвоиме дека со 314 настапи е втор на вечната листа, 12 пати беше дел од тимот на сезоната и освојувач на златната копачка во сезоната 2015/2016. Му посакуваме се најубаво на приватен и на професионален план. Среќен роденден Кире!

Момците на Илхан пресилни, сезоната отворена со пораз

Бутоп со пораз ја отвори новата сезона откако вчеравечер тимот на Бутел Илхан Р беше поуспешен со конечни 13-10, за седма по ред победа во меѓусебните дуели. Противникот почна силно и набрзина поведе со 3-0, но следеше одговор од бутопци кои со пресврт дојдоа до водство од 4-3. Сепак, тимот предводен од расположениот Илхан Алити направи серија од 5-0 со што го реши прашањето за победникот па до крајот единствено ни остана да се бориме за прифатлив пораз. За Бутоп настапија Курт, Костовски, Велковски, Волчевски, Чаковски, Зука и Видиниќ, додека за нашиот ривал играше и Енис Реџеп кој беше наш најдобар стрелец во сезоната 2019/2020.

Нашиот криптонит, наш прв противник

Бутоп вечерва (21:00 часот) ја започнува својата 18. сезона со најнезгодниот противник, тимот на Бутел Илхан Р. Со момците на Илхан се сретнавме и во првиот натпревар во календарската 2024 година, кога по голема драма загубивме 8-7 остварувајќи го шестиот последователен пораз од овој тим во последните четири сезони. Вкупниот скор на единаесетте меѓусебни средби е четири победи за Бутоп, а седум победи за Бутел Илхан Р. Вечерашниот натпревар се игра во балонот кај ОУ Рајко Жинзифов во Топанско поле.

All-focus

Утре ја почнуваме нашата 18. сезона

Супер вест за сите бутопци: утре (5.9.2024) Бутоп го игра својот прв натпревар во новата сезона, за нас 18-та во историјата. Терминот се игра од 21:00 часот во балонот кај ОУ Рајко Жинзифов, а противникот ќе го дознаеме во текот на денешниот ден. Во моментов течат преговори со три екипи потенцијални ривали. Повеќе информации за противничката екипа, но и за составот на Бутоп ќе објавиме утре.

Сите извештаи на едно место

Како дел од проектот „Веб 2024“ една од првите акции беше поставувањето на сите досегашни годишни извештаи на едно место, во поткатегоријата ИЗВЕШТАИ од категоријата ЕКИПА. Станува збор за десет вакви документи бидејќи првиот извештај беше објавен на 1 јули 2015 за штотуку завршената сезона 2014/2015, што логично се поклопува со раѓањето на оваа веб-страница истата година.

Освен ова, го дополнивме и делот РЕЗУЛТАТИ со резултатите за сезоната 2023/2024, нешто што редовно го правиме веќе неколку години. Па така, фановите во секој момент можат да ги најдат резултатите од сите натпревари во историјата на ФК Бутоп.

Истотака во моментов можете да ја видите и објавата од пред четири дена: Статистика сезона по сезона, каде што во табела се претставени скорот од натпреварите (победи, нерешени, порази), како и постигнатите и примени голови и  просеците, освоените бодови и процентот на освоени бодови по сезона. Оваа објава дополнително ќе го најде своето место во категоријата СТАТИСТИКА кога истата ќе го добие новиот лик.

Проект „Веб 2024“

Во тек е голема реконструкција на веб страницата на ФК Бутоп со која се планираат бројни дополнувања за нашите верни поддржувачи и сите оние кои сакаат да дознаат повеќе за историјата на нашиот клуб. Иако освежувањето на нашиот сајт е нешто на кое работиме постојано, обемноста на потфатот оваа година не натера да го наречеме овој процес проект „Веб 2024“, а за новите содржини ќе ве известуваме одвреме навреме и во делот Актуелности. Проектот започна во јуни, а планираме да се комплетира некаде во ноември. Посетителите на butop.info веќе можат да ги забележат дел од промените на категориите и поткатегориите на веб-страницата, но допрва сите тие треба да се уредат и збогатат со текстови, фотографии, табели и слично.

Статистика сезона по сезона

Амблемот на Бутоп во нов сјај

Огромно е задоволството да и го претставиме на јавноста освежениот и модернизиран амблем на ФК Бутоп. Проектот беше комплетиран во текот на месец јули, а станува збор за техничко дотерување на веќе постоечкиот, актуелен амблем од 2015 година, кој веќе еднаш беше дополнет во 2020 г. при принтањето на новите сини дресови. Единствената измена е во бојата на цифрите кои ја означуваат годината на формирањето на клубот (2007), од сина во бела. За разлика од пред четири години, овојпат потфатот е многу позначаен затоа што ФК Бутоп доби целосно векторизирано лого, како и црно-бела и транспарентна верзија од истото, а плус и верзија со елипсовидна позадина. Сето ова гарантира највисок квалитет при принтање и поставување на амблемот на секаква подлога. Ова е уште еден новитет со кој Бутоп го достигнува нивото на професионалните спортски колективи.