Распад систем во второто полувреме

Бутоп загуби убедливо на вчерашниот натпревар против Љуботенски пат во рамките на второто коло на Маалската лига. Конечните 11-4 не ја даваат комплетната слика на случувањата на теренот затоа што бутопци беа рамноправен ривал во првото полувреме кое заврши со минимална предност (4-3) на противникот. Сепак, второто полувреме донесе пад во нашата игра и многу грешки кои беа прецизно казнети. На крајот сосема заслужена победа за Љуботенски пат. Бутоп и во ова коло настапи со идентичен состав како и во првото: Костовски, Курт, Димитровски, Смиљковски, Каравидов, Велковски и Валчанов.

Comments are Closed