Шмитиќ и браќата Вукељ за посилен Бутоп

Изминатите неколку дена Бутоп ги разгледуваше опциите како да го продлабочи и засили својот ростер за настапите во Маалската лига. Одлучено беше да се оди со проверени сили, па лесно успеавме да се договориме со Марко Шмитиќ и браќата Амар и Анес Вукељ. Сите тројца настапуваа за Бутоп и есеноска во првата сезона на ова натпреварување и сега очекуваме нова успешна соработка. Освежување за нас е и Валчанов кој беше во Холандија и настапи само еднаш во есенскиот дел, а минатиот четврток со два гола го предводеше тимот во дербито со Сент Патрик. Ако се земе предвид и тоа дека Вангеловски треба да се врати од повредата некаде по третото коло, амбициите на Бутоп сигурно ќе пораснат и ќе бидат борба за влез во плејофот и распределба на пехарите.

Comments are Closed