Андреј се приклучи на денешниот тренинг, на менито фудбал и американка
Андреј Димитровски не можеше да издржи да не одработи барем еден тренинг од овие зимски подготовки, па денес во последен момент се приклучи на претпоследниот ден од официјалната програма. Попладнево присутни беа и браќата Смиљковски, Каравидов, Николиќ, Костовски и неколку младинци. Прво одигравме фудбал во мешани состави, а потоа и една американка. Димитровски веќе утре се враќа во Софија, а се надеваме дека следниот пат кога ќе дојде ќе може да го запише својот 244 настап за Бутоп. Утре од 14:30 на теренот во ОУ Живко Брајковски ќе започне последниот тренинг од официјалниот дел на зимските подготовки 2019.
Posted in АКТУЕЛНОСТИ | Comments Off on Андреј се приклучи на денешниот тренинг, на менито фудбал и американка
Comments are Closed