Фудбал на посед – Чаир конечно падна

Екипа Чаир синоќа (03.02.2019) го положи оружјето пред нашите момци. Бутоп победи со конечни 9-4 на тој начин прекинувајќи ја непријатната серија од три порази од овој противник. Лекот бил игра на посед на топката. Уште од самиот почеток ја презедовме иницијативата и имавме водство, 2-0, 4-1. Следеше единствениот пад во играта, кога чаирчани дојдоа и до егал, 4-4. Во тие моменти се истакнаа можеби најдобрите поединци вчера кај нас, Грмуш кој извади неколку зицери и Вангеловски кој диктираше во нападот кога најмногу требаше. Не заостанаа ниту Велковски, Костовски, Каравидов и Ристе кои одлично си ја завршија работата. Натпреварот се одигра во салата на СУГС Зеф Љуш Марку со почеток во 20:00 часот.

Comments are Closed