Српски, косовски, американски, а наши!
Србија, Косово, САД и Македонија се држави и територии кои делат (пре)многу заеднички нешта, вредности и интереси. Еве уште нешто, веројатно помалку познато на јавноста, а поврзано со ФК Бутоп
Последниот натпревар на Бутоп против Криминалисти (11.03.2018) и настапот на Илчо од Америка се добар повод да се потсетиме на интернационалците кои заиграле за нашиот клуб.
Мразот го скрши гордоста на Нови Пазар, Дадо, кој како играч од Србија настапи за Бутоп на 16 август 2010 г. во победата од 6-5 над Бутел село. Таа вечер на теренчето кај Полицијата покрај Дадо настапија и Х. Фекиќ, Б. Фекиќ, Костовски, Колашинац и Смиљковски.
Три години подоцна, на 15 април 2013 г. за нас заигра и интернационалецот од Косово, Љутви. Тој во поразот од 8-6 против тимот на Гази Баба, во балонот Васил Главинов во Топанско, настапи заедно со Курт, Костовски, Смиљковски, Каравидов и Асани. Тој натпревар беше и јубилеен, двестоти за нашиот клуб.
И конечно, 11 март 2018 г. Бутоп – Криминалисти, 4-7. Во балонот кај средното Цветан Димов во Чаир, за првпат синиот дрес на Бутоп го облече фудбалер од американскиот континент, интернационалецот од САД, Илија Васев. На популарниот Илчо од Вашингтон друштво во неговото деби му правеа Колев, М. Смиљковски, Костовски, Каравидов и Вангеловски.
Comments are Closed