Победничката серија прекината, сторителот познат
Тимот на Криминалисти вчеравечер и стави крај на серијата од четири победи на Бутоп. Во натпревар не многу квалитетен, но израмнет, нашиот противник беше тој што ги искористи своите шанси и ја казни речиси секоја наша грешка. Ние почнавме лошо и бевме во негатива од самиот почеток (1-0, 2-1). Иако воспоставивме рамнотежа кон средината на средбата, откако Криминалисти поведоа со 5-4, а ние пропуштивме една-две стопроцентни шанси за израмнување, тие буквално не „убија“ со своите контри и го поставија конечниот резултат 7-4. За Бутоп настапија најавените Колев, М. Смиљковски, Костовски, Каравидов и Вангеловски, а по подолго време за нас настапи и еден интернационалец, своето деби во нашиот дрес го имаше Илчо од Соединетите Американски Држави. Вчерашниот натпревар се одигра со почеток во 22:00 часот во балонот кај СУГС Цветан Димов, во Чаир.
Comments are Closed