Соопштение за вчерашните настани
Соопштение на ФК Бутоп до јавноста по повод немилите настани на отворањето на новото сервис поле во Бутел 1:
Како што веќе ве информиравме, вчера (29.06.2016) се отвори новото сервис поле кое е наша инвестиција за граѓаните на населба Бутел. Серва почна да се игра во 18:00 часот и главно се течеше без некакви проблеми. Тоа се промени некаде околу 20:30 кога дел од управата на ОУ Живко Брајковски побара да се избрише полето. Откако ние одбивме, беше повикана и полицијата. За кратко време спонтано се собраа триесетина луѓе кои јавно ја искажаа својата поддршка за идејата да се игра сервис во Бутел. Главниот проблем во овој спор се законските рамки кои не предвидуваат слободно движење во дворовите на државните објекти, каков што е и училиштето, туку само можност за кратко задржување во истите. По консултацијата со припадникот на Министерството за внатрешни работи, околу 21:30 толпата се разотиде без никакви инциденти. Полето се наоѓа во непосредна близина на самото училиште, но се надеваме дека ќе успееме да дојдеме до некакво прифатливо решение со кое ќе бидат задоволени желбите на двете страни.
Comments are Closed