Елмас: Останувам во Фенер
Деновиве се рашири информација дека Елиф Елмас е пред нова промена на средината и дека Фенербахче ќе го даде на позајмица во некој друг тим, каде што би требало да добие поголема минутажа. Сепак, ексклузивно за страната на Бутоп, тој тоа го негираше:
- Во тоа нема никаква вистина. Дури и јас се зачудив кога ја слушнав таа вест, па се обратив до некои луѓе од раководството на клубот и тие ми рекоа дека останувам во Фенербахче.
Како се снаоѓаш засега? Како е да се тренира со големите ѕвезди од првиот тим?
- Супер е! Секојдневно учам многу работи за фудбалот, но и повеќе од тоа. Конкуренцијата е огромна, борба има на секој тренинг, дури и странците го имаат прифатено темпераментот на домашните играчи и секогаш е жестоко… Најчесто „цимерувам“ со Шкртел и доста слушнав за страста за фудбал во Англија, дербито на Мерсисајд (кое се игра утре 10.12.2017)…
Се играат ли „термини“ низ Истанбул, има ли балони?
- Па да. Има, многу се игра фудбал. Играат и професионалците, но јас засега избегнувам… не сакам да ризикувам повреда.
Таму си со семејството?
- Да. Полека се привикнуваме, нема проблеми. – го приврши ова кратко интервју за ФКБутоп, најдобриот млад фудбалер на Македонија, Елиф Елмас.
Comments are Closed