Бутопци тренираат индивидуално, Кире „си гази“ во Љубанци
Изминатиов период од речиси месец дена поголемиот дел од фудбалерите на Бутоп своите обврски ги исполнуваат преку индивидуални тренинзи за одржување и кревање на физичката подготвеност. Во наредниве недели очекуваме нашиот тим да се врати на терените посилен од кога и да е.
Во меѓувреме Кирил Смиљковски на турнирот во своето Љубанци ја предводи тројката наши членови (покрај него се и Мето и Б. Фекиќ) кои се дел од неговиот тим, со кој се пласираа во четвртфиналето. Нивниот поход продолжува вечерва од 21:30 часот со четвртфиналниот натпревар. Ги повикуваме сите наши членови и фанови доколку се во можност да им дадат поддршка на Кире и друштвото.
Comments are Closed