Фатени „на дело“
Фудбалерите на Бутоп имаат обичај голем дел од своите тренинзи да ги спроведуваат низ улиците на Бутел, како и во секое „ќоше“ од населбата или околината кое ќе ја побуди инспирацијата за одредена вежба за усовршување на техниката и работа со топка.
Една од тие вежби е ситуацијата кога топката е постојан придружник на играчот. Со тоа се овозможува играчот подобро да ја запознае и почувствува топката за да може подоцна полесно да се справи со проблематичните ситуации во самите натпревари. Со топка се оди по улица, се преминува пешачки, се влегува во маркет, или како во случајов, се чека пред продавничка. Оваа фотографија е од безбедносните камери на драгсторот на Миле Кумановецот во Бутел (спроти слаткарницата Ганчо), сликана десетина дена пред крајот на 2015. година. На неа се гледа еден од фудбалерите на Бутоп кој со топка во рацете ги чека своите соиграчи да излезат од продавницата. Секако, треба да нагласиме дека оваа вежба може да биде опасна за почетници и мора исклучително да се внимава кога и каде се применува.
Comments are Closed