Пружениот отпор доволен за минимален пораз

Бутоп забележа нов пораз во Маалската лига откако вчера од нас поуспешен беше тимот на Пицерија Фор-ас со конечен резултат 6-8. Овие три бода го крунисаа нашиот противник во нов, шести шампион на ова натпреварување. Може да се каже дека бутопци пружија пристоен отпор кој сепак не беше доволен за нешто повеќе од минимален пораз. Во нашиот состав се најдоа Хајрун, Смиљковски, Костовски, Николиќ, Боби Вучевски, Чаковски и Кристијан Велковски кој со неколку одлични потези и трите постигнати гола потсети зошто пред неколку години ја наследи десетката на грбот од Јеткин Сезаир.

Posted in АКТУЕЛНОСТИ | Comments Off on Пружениот отпор доволен за минимален пораз




Comments are Closed