Во добра атмосфера очекуваме силен противник

Бутоп вечерва (21:00) се соочува со силниот тим на Другарство во рамките на шестото коло на МЛ. Во првото коло другарите беа пресилни за нас победувајќи не со 2-8, а во моментов како второпласирани се наоѓаат во жестока трка за самиот врв на табелата. Ние од друга страна, по минатонеделната победа над Галакси која не донесе до третата позиција во добра атмосфера влегуваме и во оваа средба. Кај нас во составот се најавени дури девет играчи: Хајрун, Волчевски, Велковски, Чаковски, Смиљковски, Видиниќ, Вангеловски, Анел Курт и Никола, засилувањето од Корпа.

Posted in АКТУЕЛНОСТИ | Comments Off on Во добра атмосфера очекуваме силен противник




Comments are Closed