Марио и Столе котираат високо на вечната листа на МЛ

Во исчекување на информацијата за стартот на новата сезона во Маалската лига фрламе поглед на вечните листи на ова натпреварување.

Кај стрелците Марио Вангеловски и натаму е во тесна трка за врвот, во моментов по пет одиграни сезони е втор со 52 гола, два помалку од првиот Раим Демир. Столе Чаковски истотака е во топ петте стрелци, делејќи го ова место со Сељо од Лукс кафе, со по 41 постигнат погодок.

На вечната табела на тимови Бутоп комотно се одржува на втората позиција со дури педесет бода помалку од лидерот Лукс кафе, а десет повеќе од третиот Албајрак Тенда.

Posted in АКТУЕЛНОСТИ | Comments Off on Марио и Столе котираат високо на вечната листа на МЛ




Comments are Closed