Падна договор со Алтај
Убава вест за сите во ФК Бутоп: нашиот клуб постигна договор со Алтај Мурселов. Младиот и перспективен голман го имаше своето деби за нашиот тим минатиот месец на 12 септември во триумфот против Алиенс. Станува збор за бутелски талент кој веќе две години гради футсал кариера во КМФ Балкан, тимот за којшто неодамна договор потпиша и нашата легенда Костадин Колев. Со Алтај се договоривме да му се става на располагање на Бутоп тогаш кога тоа ќе му го дозволат обврските спрема КМФ Балкан бидејќи професионалната кариера е неговиот приоритет. За жал, четвртоците во моментов му се предвидени за тренинзи, па не е во можност да ја покрие дефицитарната голманска позиција во нашите битки во Маалската лига. Во секој случај, овој договор е влог за иднината и се надеваме дека Алтај ќе има прилики за повеќе настапи за Бутоп во периодот кој следи.
Comments are Closed