Четири години од Пролетната лига во Ново Лисиче
Овој период од годината, пред четири години, завршуваше Пролетната лига во мал фудбал во Ново Лисиче. Амбициозниот проект на организаторите беше спроведен веројатно најдобро што можеше и по комплетирање на 22 кола, се продолжи со четвртфинални натпревари се до финалето во кое Хавана со 4-1 беше поуспешна од Фер-Плеј. Третото место го освои екипата на Аутсајдери.
Бутоп последниот натпревар во оваа лига го одигра на 26 мај 2011 против Кенеф и загуби со 5-2. Вкупниот наш скор беше 7 победи, 3 нерешени и 12 порази со гол разлика 40-59. По 22 кола бевме 11ти на табелата, а за конечен пласман (по нокаут фазата) може да го сметаме 12то место во лигата која броеше 18 тима.
Еве список на индивидуалните постигнувања на играчите на Бутоп во оваа лига, број на настапи и постигнати голови:
1. Дарко Костовски – 22 (9)
2. Андреј Димитровски – 20 (2)
3. Кирил Смиљковски – 20 (8)
4. Харис Фекиќ – 18 (3)
5. Анел Курт – 17 (2)
6. Кристијан Каравидов – 15 (2)
7. Јован Нечовски – 11 – голман
8. Јеткин Сезаир – 7 (8)
9. Љупчо Атанасовски Жора – 6 (2)
10. Филип Пејков – 5 – голман
11. Методиј Смиљковски – 5 – голман (на четири средби)
12. Самин Колашинац – 4 (2)
13. Дарко Николиќ – 1 (1)
14. Ристо Димитровски – 1 – голман
15. Адем Маровци -1 – голман
16. Енис Пепиќ – 1 (1)
Comments are Closed