Златната копачка оди кај Вангеловски и Чаковски
Признанието златна копачка на Бутоп за сезоната 2023/2024 го поделија Марио Вангеловски и Столе Чаковски. Двајцата постигнаа по дваесет гола во своите настапи во Маалската лига. По Сезона 3 (есенскиот дел), Столе имаше предност со 11 погодоци пред Анел со 9 и Кико со 7, но во пролетниот дел Марио ги постигна сите свои дваесет погодоци и дојде до врвот на листата, а Столе со дополнителни девет успеа да се избори да ја подели оваа престижна награда со популарниот Штака. За Вангеловски ова е трето вакво признание со што се израмнува на врвот во оваа категорија со Дарко Костовски и Кристијан Каравидов. Чаковски пак со ова ја заокружува маестралната сезона на позајмица од својот матичен Сент Патрик во Бутоп во која се најде во тимот на сезоната и имаше најмногу настапи од сите играчи. Трет на крајот во годинешната трка се најде Велковски со четиринаесет гола. Ова е само вторпат златната копачка да ја поделат двајца играчи откако во сезоната 2012/2013 најпрецизни беа Каравидов и Цветковски.
Се потсетуваме на досегашните освојувачи:
2007/2008: Енис Пепиќ – *
2008/2009: Дарко Костовски – 11
2009/2010: Јеткин Сезаир – 9
2010/2011: Јеткин Сезаир – 16
2011/2012: Дарко Костовски – 18
2012/2013: Кристијан Каравидов и Филип Цветковски – 5
2013/2014: Дарко Костовски – 3
2014/2015: Кристијан Велковски – 5
2015/2016: Кирил Смиљковски – *
2016/2017: Марио Вангеловски – 5
2017/2018: Кристијан Велковски – 5
2018/2019: Анел Курт – *
2019/2020: Енис Реџеп – *
2020/2021: Кристијан Каравидов – *
2021/2022: Кристијан Каравидов – *
2022/2023: Марио Вангеловски – 30
2023/2024: Марио Вангеловски и Столе Чаковски – 20
Comments are Closed