Поминаа 15 години од освојувањето на турнирот во Железара

На денешен ден (4 октомври 2008 год.) пред точно петнаесет години Бутоп го освои својот засега единствен трофеј на турнирот кој се играше на теренчето кај ОУ Григор Прличев во скопска Железара. Тоа сончево попладне со почеток во 15:00 часот се одигра финалниот натпревар во кој бевме подобри од тимот на Турци ЈБТ со конечен резултат 6-3. На овој турнир за Бутоп настапуваа: Петар Лазароски, Андреј Димитровски, Дарко Костовски, Харис Фекиќ, Анел Курт, Јеткин Сезаир и Кристијан Каравидов. Фотографијата подолу е од пред почетокот на финалето.

Posted in АКТУЕЛНОСТИ | Comments Off on Поминаа 15 години од освојувањето на турнирот во Железара




Comments are Closed