Сезаир: Едвај чекам да се вратам
Веќе неколку недели Јеткин Сезаир го користи слободното време за да одигра некој термин, најчесто во Зеф Љуш со Уличарите и ја чека приликата одново да настапи за Бутоп.
Добрата вест за играчите и навивачите на Бутоп е што Јеткин веќе нема проблеми со повредата на оперираното колено:
– Не чувствувам болка во коленото. Таа повреда е минато. – изјави тој. Сепак ќе му биде потребно уште време за целосно да се опорави:
– Сега проблем ми е подготвеноста, одвреме навреме имам грчеви во ногата, но ќе биде подобро… – остана позитивен, но додаде – сепак криво ми е кога гледам дека сум ја загубил брзината, тоа навистина ми смета. Едвај чекам повторно да настапам за Бутоп. – заврши Јеткин во неврзан разговор во кој му посакав што побрзо враќање во нашиот дрес.
Д.К.
Comments are Closed