Првата победа остварена во неверојатен трилер меч
Дури во петтото коло Бутоп конечно ја оствари првата победа во новата сезона на Маалската лига. Вчера вечерта беше победен до тој момент лидерот на табелата и непогрешлив тим на Лукс кафе со гол на четири секунди до крајот за конечни 6-5. Дека бутопци ја креваат формата можеше да се забележи и во претходните натпревари, а вчера за среќа тоа се покажа и резултатски. Натпреварот беше рамноправен, со силно офанзивно и дефанзивно темпо од двете страни. Ние повторно игравме со голман играч, овојпат Смиљковски се најде во таа улога, а во стартната шесторка настапија и Курт, Димитровски, Русе, Видиниќ и Валчанов. Конечно го видовме и камбекот на најдобриот стрелец од есеноска, Марио Вангеловски, кој почна од клупата, а беше стрелец на победничкиот гол. Со оваа победа Бутоп скокна до петтото место на табелата и сега сам одлучува за пласманот во плејофот.
Comments are Closed