Тивко на боксинг-деј
Овој боксинг-деј поминува без публика на фудбалските терени на Островот, каде традиционално се одигрува празнично коло во сите рангови на англискиот фудбал. И Бутоп секако си има своја традиција на овој ден, а тоа е… да победува! Досега имаме стоотстотен ефект со три победи на три средби, но ова е четврта година по ред што нема да имаме натпревар на 26 декември. Последен пат во 2016 бевме подобри од Примавера со 11-8, а фотографијата подолу е од денешен ден 2013 г. кога истотака славевме против Примавера со конечен резултат 6-4.
Comments are Closed