Фљорим: Не сум веќе во фудбалот

Синоќешната полноќна прошетка на релација Бутел-Чаир случајно не спои со Були (Фљорим), голман кој во месец јуни 2009 година настапи на три натпревари за Бутоп. Со него остваривме перфектен скор од три победи, а популарниот Були веднаш покажа за каков капацитет се работи. Сепак, околностите спречија продлабочување на соработката.

Неговиот стар другар Каравидов веднаш се сети: „Како коленото? Што направи со таа повреда?“

Го решив тој проблем. Бев на доста прегледи, на крај докторскиот тим на Систина ја најде вистинската дијагноза (циста), а и лекот. Сега сум океј, иако не ме советуваат вака да трчам на асфалт… – одговори Фљорим, кого очигледно го прекинавме во џогингот. „Браниш ли сега? Барем по термини?“ – го прашав.

– Не, не! Не сум веќе во фудбалот. Тешко сега и да ме вика некој, тешко да прифатам, одамна не сум бранел.

Во понатамошниот разговор дознавме дека тој сега гради нова кариера и предава физичко во основните училишта во селото Блаце на падините на Скопска Црна Гора, но и во Количани, општина Студеничани.

– Задоволен сум со мојата работа. Се трудам да напредувам, се борам. Добро е што сега децата почнуваат со наставници по физичко уште од прво одделение, ќе се отворат повеќе часови за нас. Се надевам дека годинава ќе добие нормален тек и дека ќе го положам стручниот испит. – нашиот соговорник ги сподели своите професионални очекувања и надежи.

Пријатно го изненадивме кога му кажавме дека ги имаме архивирано неговите настапи за нас и му ветивме линк од веб-страницата на Бутоп. Се разделивме пријателски. На Були му посакуваме се најдобро во кариерата и приватниот живот.

All-focus

Накратко за неговата кариера во големиот фудбал. Изданок е на славната школа на Слога Југомагнат (Шкупи) каде настапува во најмладите категории. По ова, преминува во Металург каде под палката на тренерот Пикси, а заедно со Каравидов, успешно настапува во дресот на железарската гордост.

Posted in АКТУЕЛНОСТИ | Comments Off on Фљорим: Не сум веќе во фудбалот




Comments are Closed