Николиќ успешно се оперираше

Изминатиот викенд Дарко Николиќ имаше успешна операција од кила, а веќе се чувствува многу подобро и одмора во домашна атмосфера. Ви го пренесуваме краткиот разговор:
– Даре, како си, како помина на операција?
– Сега сум добро. За среќа помина без некакви компликации. Прво мислев дека ќе биде ласерски, но потоа испадна олд-скул, морав „под нож“. Се работи за рутински зафат, но сепак е операција. Првите денови имав болка, но велам, сега се е во ред.
– Како ќе оди процесот на рехабилитација?
– Ќе треба време да зарасне за да можам повторно да почнам со физички активности.
– Кога може да те очекуваме назад на терените?
– Уф… Мислам дека сум далеку од такво нешто во моментов.
– Добро, но и така оваа година некако испадна за никаде со пандемијата…
– Можеби си во право! Нема потреба да брзам. Но еве, ветувам, ќе се вратам посилен!
– Со среќа Даре! Го чекаме твојот камбек во синиот дрес.
– Фала многу! Поздрав до сите членови на Бутоп и до фановите. – го заврши ова блиц интервју Николиќ.
Следат неколку повеќе или помалку познати податоци за Даре. Досега има 36 настапи за Бутоп, номинално е носител на „деветката“, значи најчесто е во нападот. Има настапувано на неколку турнири за Бутоп, знаел да застане и на голот, а и да реши натпревари со златен гол (http://butop.info/?p=1479). Можеби ќе ве изненади фактот дека токму Дарко Николиќ беше наш голман на историскиот прв натпревар на 15.09.2007, кога стартери во поле беа Колашинац, Димитровски, К. Смиљковски, Костовски и Наумоски Сашо – Цамба. Нашата врска не се сведува само на ова бидејќи честопати Даре заедно со Методиј, помалиот од браќата Смиљковски, ни спарингуваа и играа против Бутоп со Примавера, Криминалисти и Тамба-ламба.
Comments are Closed