Осврт на есенската полусезона 2014/2015
Осврт на есенската полусезона 2014/2015
Сезонава 2014/2015 е осма во постоењето на нашиот тим. Следи и освртот на есенската полусезона.
Во оваа прва половина од сезоната сме одиграле 18 натпревари, тука вклучувајќи го и службениот пораз од Сопнати на турнирот во Љубанци, со скор од 5 победи, 3 нерешени и 10 порази. Ова е резултатски најлошата есенска полусезона во нашата историја, но да одиме со ред.
Започнавме со учества на турнирите во Љубанци и Скопје 2014 во Ново Лисиче. Настапувавме ослабени, пред се поради неиграњето на Кире и Андреј кои не беа во Скопје во тој период. Така шанса доби Штака, а се вратија и Харис и Бено, па се засиливме и со Жаре од Лисиче. Сепак на тој склоп му требаше и повеќе време, а двете победи дојдоа предоцна, по најдолгата серија порази во историјата на Бутоп – 6. Значи, скорот од турнирите е 2 победи и 6 порази.
Следеше и продолжување на позитивниот период кое започна со јубилејниот 250. меч на Бутоп, кога во Маџир маало славевме против екипата на Кварници со 8-2. Потоа се преселивме во „Антон Димитров“ и надополнивме со победа и реми со Тамба-ламба и победа над Примавера.
На ред дојдоа пресметките со Славија, почнавме со три порази, а потоа и две ремија против оваа екипа за сезоната да ја завршиме со поразот од Тамба-ламба.
Нашите резултати се речиси идентични со оние на Борусија Дортмунд или Херта, што значи дека би се бореле за опстанок да бевме во некоја (Бундес) лига.
На индивидуален план не би издвојувал многу, само ќе потсетам на хет-трикот на Марио за кој веќе пишував, како и за повторувањето на првата постава, нешто за што истотака веќе имате известување на страната на Бутоп. Најмногу настапи сме имале јас (сите) и Анел кој го пропушти само последниот дуел, следуваат Каро и Кико со по 13 итн.
Еден голем плус од оваа полусезона за Бутоп е секако веб сајтот, за кој сите заслуги одат на сметка на Андреј. Со ова, Бутоп стана еден од ретките фудбалски, но и спортски, колективи во Македонија кој преку своја интернет страна е подостапен за своите приврзаници и пошироката спортска јавност. Истотака финансиското работење и во оваа полусезона е задоволително, односно се наоѓаме во каква-таква позитива.
Со почит,
Дарко К.
Comments are Closed