Бутоп на Боксинг деј низ историјата
Денес е 26 декември или Боксинг деј, ден на кој традиционално се игра фудбал во Англија, но и датум на кој Бутоп играл два пати.
Првиот пат тоа се случи во 2009 г. кога игравме против екипата на Бутел (Давор, Жора) и победивме со 16-10. Натпреварот се одигра во Антон Димитров, со почеток во 17:00. За Бутоп настапија:
Мумин Елмаз (г)
Анел Курт
Харис Фекиќ
Самин Колашинац
Дарко Костовски и
Кристијан Каравидов, во прва постава, а играа уште и
Андреј Димитровски и
Јеткин Сезаир.
Во 2013 г. на овој ден ја одигравме т.н. „мајсторка“ со Примавера со која го решивме есенскиот дел против овој тим со 3-2 во добиени партии во наша полза, со победата од 6-4. И овој натпревар се одигра во Антон Димитров, но во 22:30. За нас настапија:
8. Анел Курт (г), (о)
2. Андреј Димитровски (г)
4. Дарко Костовски
7. Кирил Смиљковски
11. Кристијан Каравидов
23. Кристијан Велковски. А играше и:
5. Харис Фекиќ.
Ова е фотографија од пред почетокот на натпреварот со Примавера
Comments are Closed