Димитровски се чекираше во Скопје

Во текот на вчерашниот ден (22.12.2018) во Скопје пристигна Андреј Димитровски. Веднаш „се пријави“ во клубот со информација дека ќе биде тука во деновите до новата година. Ни вети дека во овој краток период ќе се обиде да ги реши проблемите со веб-страницата кои се појавија минатиот месец, но и изјави дека би сакал да одигра некоја партија фудбал за Бутоп зашто досега во тековнава сезона не запиша ниту еден настап во синиот дрес. А, ние се надеваме дека успешните игри за ЕПАМ ќе ги пренесе и во Бутоп.

 

Comments are Closed