Во декември ќе пробаме да живнеме

И оваа полусезона мака мачиме да фатиме натпреварувачки ритам. Така е веќе две-три години. Но, секогаш досега сме ја исполнувале онаа „кота 14“, која го означува минималниот број на натпревари кои сме ги одиграле во една сезона. Што се однесува на полусезоните, најмалку во една полуетапа сме имале пет натпревари. Оваа есен досега игравме четири пати, а за штотуку започнатиов месец очекуваме и се надеваме дека ќе ни донесе барем уште некоја средба. Тоа ни е повеќе од потребно по поразот од Екипа Чаир, но и за воигрување на екипата која покажува многу осцилации во текот на играта.

Comments are Closed