Тензично реми во Рајко!
Бутоп вчера ремизираше со Криминалисти (8-8) во натпревар полн со тензии и на работ на прекин. Најважното се случуваше во последните десетина минути кога по негативата од 7-3 Бутоп фрли се’ на една карта и се обиде со висок пресинг да се спаси од пораз. Криминалистите не се снајдоа најдобро и нивната предност полека се стопи. Во тие моменти зовреа страстите на теренот, а највоинствени беа Штаката и Каро од кај нас и Диме Спортлајф и голманот од редовите на нашиот ривал. По мало натегање средбата продолжи, но последните две-три минути никој не ги искористи да дојде до целиот плен. А се’ почна „бавно“, поведовме рано без некоја посебна игра, противникот го сврте резултатот по пет-шест минути. Бутопци не успеваа да ја воспостават контролата и (не)очекувано нашиот тим дојде до споменатата негатива од четири гола (7-3). Натпреварот се одигра во балонот Рајко Жинзифов со почеток во 18:00 часот. По подолго време во нашиот тим се вратија Кирил Смиљковски и Кристијан Велковски, а настапија и Костовски, Каравидов, Вангеловски и Цамба.
Comments are Closed