Манев: Ајде да договориме натпревар!
Изминатиов период ФК Бутоп е во постојан контакт со бројни тимови со кои се обидуваме да договориме некој термин за натпревар. За жал, не секогаш изнаоѓаме прифатливо решение кое им одговара на двете страни. Вчеравечер во „листата на чекање“ се додаде и Виктор Манев кој е заинтересиран да ја испроба својата екипа против Бутоп: „Еј момци, дајте да се договориме да одиграме некоја партија…“, Манев го започна неврзаниот разговор со дел од нашите фудбалери и додаде: „не сме којзнае што, имаме два-тројца што порано тренирале во Вардар, далеку сме од некоја страшна екипа. Ама сакаме да се пробаме со вас, па за после ќе видиме“. Ова негово барање наиде на позитивни реакции кај Бутопци кои секогаш се расположени за маалски предизвици. Да не остане се само на празен муабет, денес го побаравме популарниот Вице, кој уште еднаш ни потврди дека неговата „програмерска“ постава сака да ни се спротивстави: „Важи, ќе се договориме! Поради некои професионални обврски и патувања во наредниве две недели сме недостапни, но мислам дека некаде во март ќе биде вистинско време да го одиграме тој натпревар“. – заврши Вице.
Comments are Closed