АКТУЕЛНОСТИ

now browsing by category

 

Лиценцата е обновена за една година

ФК Бутоп ја продолжи лиценцата за својата официјална веб-страница за наредните дванаесет месеци. Со ова го одржуваме континуитетот на една од најажурираните страни на спортски колективи во земјата и покрај фактот што сме аматерски (и нерегистриран) клуб. Оваа успешна приказна на Бутоп започна пред десет години, во септември 2014 г. Ветуваме дека и во наредниот период ќе работиме професионално и ревносно во поглед на нашата достапност и транспарентност пред македонската спортска јавност.

Цел мај одмор

Нашите фудбалери го добија цел месец мај за одмор од обврски кон клубот. Некои од нив сепак останаа активни играјќи термини со други тимови, но како по некоја традиција од последните неколку сезони во овој завршен дел од сезоната малку по малку го спуштаме ритамот пред летната пауза. Па така во 2019-та во мај сме одиграле еден натпревар, во 2020 ниту еден, во 2021 два. Мај 2022 е исклучок од правилото во последниве сезони затоа што сме одиграле пет натпревари, додека пак лани во 2023 повторно само еден натпревар.

Среќен роденден Ристе

Ристе Валчанов вчера (23.05.) го прослави својот роденден. Валчанов последните неколку сезони беше редовен член на поставата на Бутоп и досега собра 54 настапи во синиот дрес. Во моментов живее и работи на Малта. Му посакуваме се најубаво во кариерата и на приватен план. Среќен роденден Ристе!

All-focus

МЛ ги објави вечните листи, Марио ги предводи стрелците

Маалската лига во мал фудбал пред два дена ја објави вечната табела како и листата на стрелци по одигрувањето на четвртата сезона. Бутоп се зацврсти како втор на табелата откако оваа сезона за првпат имавме позитивен скор од 6 победи, 1 реми и 3 порази. Вкупниот учинок сега на 40 натпревари ни е: 15 победи, 5 нерешени и 20 порази со гол разлика 222-238. Листата на стрелци ја предводат нашиот Марио Вангеловски и играчот на Лукс кафе Бљертон Селими со по 48 постигнати голови. Двајцата позајмени играчи од Сент Патрик Чаковски и Волчевски истотака се најдоа на листата со 33 (7 место), односно 24 (14 место) погодоци. Курт и Велковски со по 21 гол се најдоа на делба на 19 место, а Димитровски со 20 гола е на делба на 22 место.

Честит Велигден: Христос воскресе

ФК Бутоп на сите православни верници во Македонија им го честита најголемиот христијански празник Велигден. Христос воскресе! За многу години!

Заедничка одјава од Сезона 4

Маалската лига на својот профил на фејсбук изминативе денови ги објави сите резултати, табели, статистика, наградени играчи и тимови и фотографии од Сезона 4 која заврши пред десетина дена. Веќе традиционално, по доделувањето на пехарите беше направена и заедничка фотографија со играчи од неколку екипи.

Индивидуална статистика од МЛ Сезона 4

Вкупно седумнаесет играчи настапија за Бутоп во МЛ Сезона 4. Следи преглед на бројот на настапите и постигнатите голови:

Албајрак Тенда е новиот шампион на МЛ

Во овие празнични денови се уште ги сумираме остварувањата во штотуку завршената четврта сезона на Маалската лига. Албајрак Тенда е новиот, четврти шампион на ова натпреварување. Зад нив на табелата беше Лукс кафе, а Бутоп како третопласиран го заокружи пиедесталот. За ферплеј екипа по вторпат во својата историја беше прогласена Ак. Ќерим. Наградата за најдобар играч отиде кај Сунај од победничкиот Албајрак, најдобар стрелец со 21 погодок е Бљертон Селими од Лукс кафе, а најдобар голман Аган Мухамеди од Ак. Ќерим.

Димитровски го крена пехарот за третото место

Андреј Димитровски ја имаше честа да го прими пехарот наменет за третопласираната екипа во МЛС4 на свечената церемонија по завршувањето на последниот натпревар во четвртокот. Бутоп конечно успеа во четвртото издание на Маалската лига да заигра постабилно и заслужено го освои овој трофеј со скор од шест победи, едно реми и три порази и вкупно 19 освоени бодови на контото.

Реми по жестока борба, Бутоп е трет во МЛ!

Борба до последната секунда донесе синоќешниот (25.4.2024) натпревар меѓу Бутоп и Албајрак Тенда (6-6) кој практично ја затвори четвртата сезона во Маалската лига. И покрај тоа што се беше решено околу конечниот пласман на табелата (Албајрак прв, Лукс кафе втор, Бутоп трет) двете екипи го одиграа можеби најквалитетниот, а на моменти и тензичен натпревар сезонава. Остана мала горчина кај нашите момци затоа што бутопци имаа водство од 6-4 на четири минути до крајот кое противникот успеа да го анулира по неколкуте погрешни потези на фудбалерите на Бутоп. Сепак, овој датум ќе се памети по добро во нашата историја затоа што го освоивме пехарот предвиден за третиот најдобар тим во Маалската лига. За Бутоп вчера настапија: Смиљковски, Димитровски, Курт, Костовски, Вучевски, Чаковски, Желка и Глигоров.