Седум години од единствената титула
Пред точно седум години, на 04 октомври 2008 г. Бутоп ја освои својата единствена титула на турнирите досега.
Тој ден со почеток од 15:00 часот се одигра финалето на турнирот во Железара во кое бевме поуспешни од тимот на Турци ЈБТ со 6-3. Иако противникот поведе со 2-0 успеавме до крајот да направиме пресврт кој ни го донесе еден од најголемите успеси во историјата.
натпреварите се играа на теренот на ОУ Григор Прличев во Железара
За Бутоп тој ден стартуваа:
1.Петар Лазароски
2. Андреј Димитровски
3. Анел Курт
4. Харис Фекиќ
5. Јеткин Сезаир и
6. Дарко Костовски. А уште играше и:
7. Кристијан Каравидов
Стрелци беа: Костовски со 3 гола, Сезаир со 2 и Каравидов со 1 постигнат погодок.
фотографија од пред почетокот на големото финале
Comments are Closed