Каро вечерва испишува историја, кадровски проблеми во незгоден момент
Кристијан Каравидов на вечерашниот натпревар против ФЦ Мајами (19:00 часот) ќе стане само вториот играч во историјата на Бутоп кој ја достигнал границата од 300 настапи. Ова се неверојатни бројки за човекот кој е актуелен бранител на златната копачка од претходните две сезони и синоним за нашиот клуб.
Истовремено известуваме за кадровските проблеми со кои се соочуваме во незгоден момент откако поради повреди и други ситуации вон стројот се наоѓаат Вангеловски, Колев, Костовски, Ѓорѓиев, Велковски, Шмитиќ и Вукељ. Во составот се најавени Димитровски, Валчанов, Смиљковски, Курт и Каравидов, како и новајлиите Видиниќ и Русе.
Posted in АКТУЕЛНОСТИ | Comments Off on Каро вечерва испишува историја, кадровски проблеми во незгоден момент
Comments are Closed