Бутоп поканет на турнир во соседна Србија

Втора година по ред ФК Бутоп е пријател на турнирот во мал фудбал во Златокоп во околината на Врање. Ова е еднодневен турнир кој го организираат младинците во ова село кон крајот на мај или почетокот на јуни како предвесник на летната турнирска сезона. Турнирот е закажан за утре (петок, 04.06.2021) со почеток во 16:00 часот, а досега се најавени околу десетина екипи. Најверојатно ќе се игра во нокаут формат. Овојпат добивме и официјална покана за учество, но за жал не успеавме да се организираме за ова гостување.

All-focus

Comments are Closed