АКТУЕЛНОСТИ

now browsing by category

 

Реми за почеток

Вчеравечер Бутоп ремизираше на отварањето на втората сезона на Маалската лига откако тврдиот и неизвесен натпревар против локалниот ривал Сент Патрик заврши со конечни 3-3. Од самиот почеток се виде дека ова ќе биде уште едно тактичко надмудрување на старите познаници. Двете екипи беа еднакво близу до победата па се чини ова беше најреалниот исход. Кај Бутоп Костовски беше на голот, а во поле настапија Курт, Димитровски, Велковски, Смиљковски, Валчанов и Каравидов.

На останатите средби Лукс кафе со огромен напор и пресврт во последните минути беше подобар од Каќ (10-6), ФЦ Мајами го совлада Љуботенски пат (10-8), а Алиенс беше подобар од Барбер шоп Енис со 7-4.

Утре почнува втората сезона на Маалската лига

Маалската лига се враќа на распоредот од утре (16.02.2023) кога почнува нејзиното второ издание. Ждрепката беше извршена вчера, а бутопци во првото коло за противник го добија стариот познаник и локален ривал, момците од ЗОО Арт (Сент Патрик), но бидејќи се уште преговараат за името и составот на тимот, точната информација ќе ја имаме утре. Уште три од тимовите треба да го објават официјалното име, па тогаш ќе го знаеме распоредот до крајот. Како што беше најавено, лигата се прошири на осум екипи па секој четврток љубителите на фудбалот ќе може да проследат по четири натпревари со термини од 19:00, 19:50, 20:40 и 21:30 часот.

Среќен роденден Каро

Денес својот триесетти роденден го слави Кристијан Каравидов. Каро е легенда на клубот и негов член од самите почетоци. Три пати ја освојуваше златната копачка на Бутоп (2012/2013, 2020/2021, 2021/2022) и досега запиша 297 настапи. Му посакуваме уште многу успеси и рекорди. Среќен роденден Каро!

Среќен роденден Пинки

Денес својот роденден го слави Филип Пејков – Пинки. Тој во два наврати беше наш голман на сезоната, во 2009/2010 и 2010/2011. Собра вкупно 64 настапи за Бутоп. Со него во тимот беа остварени многу успеси во почетните години на нашиот клуб. Му посакуваме се најубаво!

Среќен роденден Пинки!

Индивидуална статистика од првата сезона на Маалската лига

Следи деталниот преглед на бројот на настапи и погодоци на шеснаесетте играчи кои настапија за Бутоп во првата сезона на Маалската лига:

Заокружени зимските подготовки 2023

Бутопци денес ги завршија базичните зимски подготовки за оваа 2023 година, по тринаесетти пат откако со оваа традиција почнавме во 2011 година. Поголемиот дел од овие дваесет и пет дена играчите тренираа индивидуално. Остануваат десетина дена до почетокот на втората сезона на Маалската лига кога ќе видиме дали недостатокот на натпревари ќе влијае на резултатите, но во секој случај физичката издржливост не би требало да затаи.

Во план и можно проширување

Деновиве активни се преговорите со тимовите заинтересирани за учество во втората сезона на Маалската лига, па раководството ја разгледува опцијата за проширување на лигата со дополнителни две екипи ако за тоа се јави потреба. Се уште се чека дел од тимовите официјално да потврдат дека ќе играат. Конечниот список на екипи и форматот на натпреварувањето се очекува да бидат познати најдоцна до средината на наредната недела, а предложениот датум за првото коло е 16 февруари.

Почнаа преговори за втората сезона Маалска лига

Паралелно со подготовките за пролетната полусезона дел од играчите и управата на Бутоп коваат планови за втората сезона од Маалската лига, чиј иницијатор и организатор е токму нашиот клуб. Изминативе денови нашите момци меѓусебно ги споделија своите размислувања и идеи, а во периодот што следи ќе има состаноци и со останатите претставници на Лигата и на другите тимови.

Среќен роденден Коки и Харис

28 јануари е датум кога Бутоп има двојна причина за славење. Денес им е роденден на две наши легенди, Харис Фекиќ и Костадин Колев. Коки, нашата единица на голот, досега собра 110 настапи, а повозрасниот Фекиќ има 175. Двајцата испишаа важни страници во историјата на клубот и се поврзани со многу успеси и рекорди на Бутоп. Им посакуваме се најубаво на приватен и на професионален план.

Среќен роденден Коки и Харис!

Првата недела со фокус на индивидуална подготовка

Помина првата недела од зимските подготовки. Во овие осум дена нашите играчи работеа индивидуално. Најмногу внимание беше посветено на физичката спремност, што е разбирливо. Дел од фудбалерите играа и на некои термини за да се вратат во натпреварувачки ритам пред да се вратат во акција со Бутоп.